Видео: Виктор Апостоловски напиша песна за Јана

Се запознаа уште за време на „Македонски идол“, каде и двајцата беа помеѓу последните кандидати кои отпаднаа од шоуто.Виктор Апостоловски и Јана Бурческа сѐ уште се заедно. Како комплетен автор на неговата нова песна „Ми фалиш ти“, младиот пејач признава дека ја напишал токму за неа.
– Текстот за песната го напишав кога Јана го напушти шоуто, но тетратката долго време беше некаде затрупана. Кога неодамна ја најдов, песната ми се виде малку како патетична, па решив малку да ја изменам – изјави Виктор.
Видеоспотот за „Ми требаш ти“, денес беше промовиран во лаунџ барот „Арабеска“. Сниман на неколку локации во Скопје, тој е дело на „Тривиа продукција“.

 
Виктор работи и на неговиот прв албум кој ќе биде издаден на празникот на љубовта, 14 февруари, следната година.
– Периодов сум исполнет комплетно како личност затоа што го подготвувам својот прв албум кој сакам да го подарам на понежниот пол следната година за време на празникот Свети Валентајн. Албумот ќе содржи песни кои досега ги имам издадено, како и нови песни кои првпат ќе имаат можност да се чујат во модерен поп-стил и се надевам дека ќе бидат хитови во наредниот период – вели Виктор.
Погледнете го видео записот на Виктор Апостоловски за песната „Ми требаш ти“

Виктор Апостоловски и Јана Бурческа сѐ уште се заедно. Како комплетен автор на неговата нова песна „Ми фалиш ти“, младиот пејач признав

Пронајдете не на следниве мрежи: