Видео: „Никој не може да ја запре“ – 13 годишната скопјанка како Лејди Гага

Со само 13 година Канита Сума ќе го освојува Балканот. Со новата песна и виде запис, таа покажа и деокажа дека може да се носи со светските музички имиња.Талентираната Канита Сума јавноста ја знае како девојчето коешто растури на минатогодишниот албански „Икс фактор“. 13-годишната Канита од Скопје ги воодушеви и публиката и жирито, и уште еднаш потврди дека во Македонија се раѓаат златни грла.
Иако не успеа да стигне до финалето на шоуто, само поради нејзините години, Канита е подготвена за следниот чекор во музичките води.
Нејзината прва песна е дело на композиторот Роберт Билбилов и за неа има две верзии – на англиски и на албански јазик. За двете песни се снимени и два видеозаписи за кои се погрижи „Горила филм“ во режија на Владимир Дади Ивановски. Сето тоа благодарение на „OnАir Music Macedonia“.Балканската публика ќе има можност да ја чуе англиската верзија насловена како „No One Can Stop Me Now“, а видеозаписот за албанската верзија е веќе пуштен во етер од неодамна. Во него, покрај врвната фотографија и квалитет, се вметнати и многу визуелни ефекти и тридимензионални анимации.
Погледнете го видео записот за „No One Can Stop Me Now“

Талентираната Канита Сума јавноста ја знае како девојчето коешто растури на минатогодишниот албански „Икс фактор“. 13-годишната Канита

Пронајдете не на следниве мрежи: