И сто песни да отпеам и да и ги посветам на Верче, таа нема да се врати- вели Миле Кузмановски за Вест.Популарниот пејач деновиве е актуелен со дуплиот албум “Крал без круна”, во кој песните се посветени на неговата сопруга, која почина минатата година.
Последниве години тој е еднакво актуелен и со неговиот приватен и со професионалниот живот. Колку повеќе среќа му носеа песните толку повеќе тага му се случуваше дома.
Професионално, трипати ја полнеше Универзална, песните му станаа големи хитови, стана еден од најдобрите фолк-пејачи, но приватно ја изгуби битката со болеста на неговата сопруга. И сега, точно по една година од нејзината смрт, Миле вели дека дома, освен што физички ја нема, сè е исто. Тој со ќеркичките, близначките Ана и Јана се однесува како мама да е со нив. Професионално, пак, на 14 февруари идната години по третпат се подготвува да ја наполни Универзална сала, кога на Денот на љубовта и виното ќе го промовира новиот албум.
ВестПопуларниот пејач деновиве е актуелен со дуплиот албум “Крал без круна”, во кој песните се посветени на неговата сопру



