Коки: „Дуле не сакаше да го остави алкохолот!“

Дуле не сакаше да го остави алкохолот- вели Коки во интервју за „Еден на Еден“. Недела, во 19.40 часот на „Алфа“, единствен гостин ќе биде Никола Јанков, на јавноста познат како Коки од „Дуле и Коки“.
Коки во неговото прво сосема отворено и искрено телевизиско интервју ќе проговори за најубавите и најлошите моменти од 25-годишното познанство со Дуле.
Живите свирки, жените, алкохолот, бизнисот и сето она што го натерало пред 5 години да сврти лист и драстично да се промени. Ќе зборува за тоа како Дуле истото не го прифатил, што на крај доведе и до бавен и болен распад на едно од најпознатите музички дуа.

Запрашан за моментите кога се обидувале да го спасат од неминовното и најлошото, кога Дуле тврдоглаво одбивал да добие било каква помош, Коки само ќе каже „ Пробавме се! За сѐ, одеше до крај, па и со ова. Не сакаше да го остави алкохолот“
Гледајте ја најновата епизода „Еден на Еден“, оваа недела во 19.40 часот на „Алфа“.
Извор: РепубликаНедела, во 19.40 часот на „Алфа“, единствен гостин ќе биде Никола Јанков, на јавноста познат како Коки од „Дуле и Коки“.

Пронајдете не на следниве мрежи: