Фото: Благица Павловска ги шокираше сите со својот изглед

Македонската фолк пејачка, Благица Павловска во друштво на своите пријатели го следеше Фестивалот во охридското кафуле “Објектив” на Кејот, еле­ган­тно облечена ,со појака шминка и видно ослабена – објавува Вест.„Ра­бо­там на текстови и на музика за моите идни песни. Тоа нема да бидат љу­бов­ни песни, сум испеала многу такви досега. За љубовта засега ништо не пишувам, таква песна ќе испеам кога ќе дојде вистинско време. Засега по­ве­ќе сум инспирирана за родољубиви песни, на 'Валандово', на пример, пе­ев: 'И повторно да се родам, тебе ќе те сакам, Македонијо'. Пишувам и сти­хо­ви, како 'Брат брата не храни, тешко кој го нема', 'Вечна слава, Ма­ке­дон­ци'. Не се повлеков од музиката, јас постојано творам и пеам, кога имам што да кажам. Без оглед што не пеам класични љубовни песни, оп­кру­же­на сум со многу љубов, Божјата, пред сe. Божјата љубов е најважна од сe. Имам и верни пријатели што се секогаш тука да ми подадат рака, ка­ко што велат, роднините не ги избираш, но пријателите да“,  вели Бла­ги­ца за Вест.
Освен тоа Благица се пофали дека живее доста здрав живот. 
„Мно­гу внимавам на себе и држам до себе, но не егоистички. Ниту една же­на со годините не смее да си дозволи да падне туку треба да оди нап­ред. Се потхранувам духовно од Божјата љубов. Од љубовта не сум се откажала, таа тре­ба само да се случи“, вели таа.„Ра­бо­там на текстови и на музика за моите идни песни. Тоа нема да бидат љу­бов­ни песни, сум испеала многу такви досега. За

Пронајдете не на следниве мрежи: