Лејди Гага нуди бесплатно советување

Лејди Гага, позната и како мајката – чудовиште, како дел од својата турнеа „Born this way Ball“ во 2013 година, ќе нуди бесплатно советување во нејзиниот „BornBrave“ автобус, пред секој концерт поединечно.

„За оние кои се интересираат за ‘советувањето’, тоа ќе претставува забавно искуство за ‘чудовиштата’ да се обединат. Во „BornBrave“ автобусот, ќе имате пристап до професионални приватни или групни разговори на теми за ментално здравје, депресија, малтретирање, училиште и пријатели. Исто така, ќе има и храна и игри, како и организирани ди-џеи кои ќе го оджуваат ова искуство забавно“, напиша таа на својот профил на Фејсбук.

Гага продолжи: „’BornBrave’ авотбусот е место каде што менталното здравје и депресијата се сеиозно сфатени, без никакви предрасуди и бесплатна помош достапна за секого. Имам чувство дека повеќето деца не бараат помош, бидејќи се чувствуваат засрамено, па мислам дека ова би било забавен ачин за тие да се опуштат и да разговараат“.

Турнеата започнува на 11 јануари во Ванкувер, со вкупно 39 стопирања низ земјата, а завршува на 20 март.

Пронајдете не на следниве мрежи: