Во Македонија на власт не дојде политичка партија туку мафијашко здружение наречено СДС.Вадењето на пиштоли на граѓани кој ги почитуваат законите станаа секојдневие во Македонија во овој изборен циклус. Граѓаните кои гласаат за ВМРО-ДПМНЕ се таргетирани од криминалните структурури под контрола на СДС малтретирани тепани и под закана за нивната безбедност и живот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Но заплашувањето, уцените и заканите повеќе не функционираат граѓаните се почесто и посмело излегуваат јавно да сведочат за мафијашкото делување на СДС. Смелоста на овие луѓе ќе го порази режимското владеење на Зоран Заев и СДС. Граѓаните на полицијата и Оливер Спасовски со име и презиме им ги посочуваат сторителите на овие кривични дела, но полицијата во овие случаи се јавува само како сооучесник наместо да ја врши својата законска дожност. Само последен во низата црни настани со кои во Македонија се укинува демократијата е инцидентот што се случи во Демир Капија каде градоначалникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ја води борбата за вториот круг од локалните избори. Според сведоштвото на граѓаните по посетата на кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ во Демир Капија на граѓанин, на врата тропнала мафијата на СДС која со огнено оружје почнала да им се заканува дека ќе ги убие поради нивната политичка определба, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ и се додава:
„Мафијашите, симпатизери на СДС по сведоштвата на граѓаните и признале дека редовно го следат кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ за Демир Капија. Со што уште еднаш се потврди дека навистина сите кандидати за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ во текот на целата кампања се следени од симпатизери на СДС со цел вршење на притисоци, уцени и поткуп на местата кои се посетени од кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ. Народот е под невиден притисок и нема можност во фер и демократска атмосвера да го даде својот глас и да го оствари своето законско право“.
Вакви криминални избори какви што организира СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ, нема ни во некоја од земјите од третиот свет, а не пак во Европа.
-Очигледно е дека власта корумпира, а апсолутната власт корумпира апсолутно. СДС треба да се свесни дека нема да владеат вечно и дека за сите овие напади, изборни манипулации и инжењеринг еден ден ќе одговараат пред лицето на правдата.Вадењето на пиштоли на граѓани кој ги почитуваат законите станаа секојдневие во Македонија во овој изборен циклус. Граѓаните кои гласаат за ВМРО-ДП