Повторно гори депонијата во Тетово. Во периодот додека трае процесот за дислоцирање на тетовската депонија, во сметот повторно изби пожар. Пожарот се појавил синоќа, а утринава пожарникарни екипи се на терен каде се обидуваат да го локализираат.Граѓаните кои живеат во близина велат дека бавно се одвива процесот на дислоцирање. Служби од комуналното претпријатие работат на собирање на отпадот само во прва смена. Прашуваат за која цел се поставени пожарникари да ја надгледуваат депонијата деноноќно, кога повторно пламна оган.
-Ништо од чистењето, ништо од чуварите. Со ова темпо ќе исчистат по шест месеци, и не е чистење, туку преместување од тука на место оддалечено еден километар. Ќе го релативизираат и пред избори ќе пратат 100 багери, па ќе се пофалат со прес конференција – велат жители на Тетово.Граѓаните кои живеат во близина велат дека бавно се одвива процесот на дислоцирање. Служби од комуналното претпријатие работат на собирање на отпад