Најголемата преродба во македонската култура се случи во времето на ВМРО-ДПМНЕ и токму од областа и дејноста на македонската археологија увидуваме низа на стотици и илјадници проекти, пред се од археолошки истражувања, ископувања, па се до процес на конзервација и реставрација на одредени културни наследства, изјави Владимир Атанасов на денешната Панел дискусија: „ПОДОБРИ И РАЗЛИЧНИ: ВМРО-ДПМНЕ инвестира во културата, а СДС укинува и крати”.-Јас би започнал со капиталните истражувања од 2006-та година па навака кога за прв пат сите македонски археолози за прв пат излегоа на терен и го дадоа својот максимум и својот труд за да денес ги прикажеме на светската јавност самите наоди кои што ги имаме изложено во новиот објект, а тоа е националната установа „Археолошкиот музеј на Македонија“. Во минатото имаше истражувања буквално на целата територија на Република Македонија, се истражуваше во Гевгелија, Валандово, Стоби, Скупи, Струмица, Неготино, на територијата на Свети Николе исто така се истражуваше и во Штип, како скопското Кале, каде што имаме направено и музеи, потенцираше Атанасов.
Тој истакна и дека 99 проценти од работите се завршени и останува само нивното отворање, тој рече и дека освен тоа во минатото се истражувало и во западна Македонија, како и југоисточна во Охрид, Плаошник, како и истражување на самата Самоилова тврдина.
-Сите овие истражувања во дејноста на македонската археологија ги има направено ВМРО-ДПМНЕ и тоа се така наречените капитални проекти кои што најмногу беа интензивни во периодот од 2008-та, 2009-та и 2010-та година. Гледаме дека со новиот ребаланс на буџетот енормно се крати во областа на културата односно во македонската археологија, сите проекти се стопирани и значајно е овие проекти да продолжат, бидејќи Македонија е земја каде и да се „копне“ секаде ќе се најде нешто, вели Атанасов
-Јас би започнал со капиталните истражувања од 2006-та година па навака кога за прв пат сите македонски археолози за прв пат излегоа на терен и го