И покрај отфрлањето, се подготвува нова иницијатива за породилно отсуство

Времето кое ние мајките го имаме со нашите деца по нивното раѓање не е доволно, а особено со оние деца родени со аномалии. Затоа наместо 9, бараме 18 месеца породилно отсуство, вели Снежана Кузмановска, еден од иницијаторите да се продолжи периодот на породилно отсуство.  Но при поднесувањето на текстот до собранието, пратениците на СДСМ го отфрлија предлогот, како неуреден.За камерата на ТВ НОВА таа зборува за причините поради кои иницијативата беше одбиена.
Нема да се откажеме од нашите барања и да застанеме тука. Следната недела поднесуваме уште една иницијатива за продолжување на породилното отсуство. Ќе ги собереме потребните потписи и повторно ќе ја поднесеме до собранието – најави младата мајка.
Еден од аргументите против продолжување на отсуството беше дека жената ќе ги загуби своите работни навики. Кузмановска не се согласува со ова.
Со цел да им се помогне на мајките кои одново треба да ја повторуваат целата постапка до Собранието, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За подобра Македонија најавија дека ќе ги поднесат неопходните измени на Законот за работни односи што се однесуваат на породилното отсуство.
Актуелниот закон за работни односи предвидува работничката за време на бременост, раѓање и родителство да има право на платено отсуство од работа во траење од девет месеца непрекинато, а доколку роди повеќе деца одеднаш (близнаци, тројка и повеќе) 15 месеци. Истото важи и за оние работички кои ќе посвојат дете.

 За камерата на ТВ НОВА таа зборува за причините поради кои иницијативата беше одбиена.
Нема да се откажеме од нашите барања и да застанеме

Пронајдете не на следниве мрежи: