Соросовиот активист Петрит Сарачини во вчерашната „Само Вистина“ на Канал 5 ја откри вистинската формула според која СДСМ ги прави своите математики. Во 30 секунди го корегираше збирот на гласови за коалицијата на СДСМ, ДУИ и ДР-ДПА за 200.000.Сарачини најпрво тврдеше дека владината коалиција имала 740 илјади гласови, на што доби корективна опомена од Оливер Андонов, неговиот вчерашен соговорник. Моменти после тоа активистот на протестите на СДСМ/Сорос гласно собираше и заклучи дека 430.000 гласа на СДСМ и 130.000 на ДУИ и ДР-ДПА биле вкупно 660.000 гласови.
На крај мораше да се сложи со законите на математиката дека се работи за владино мнозинство од 560.000 гласови (558.898 најпрецизно), а не 740 или 700 илјади како што генијалците по математика од СДСМ изнесуваа во јавност, сакајќи да ги изманипулираат граѓаните за „големата поддршка која ја имала новата влада“.
СДСМ се инаку надалеку познати по своите математики. Според највисокото раководство на партијата, во Македонија имаше 500.000 фантомски гласачи, за на крај од нив да нема ни трага ни глас и избирачкиот список после прочистувањето да има дури и неколку илјади гласачи повеќе во споредба со 2014-та. Тие избори ВМРО-ДПМНЕ ги доби со 480.000 гласа, а последните во 2016 со 456.000. Во меѓувреме грубите лаги и манипулации со јавноста на СДСМ и го оставија епитетот на партија која од математика се разбира само кога треба да собере 1+1 евро, и тоа во кабинетот на довчерашниот градоначалник на Струмица, а сегашен премиер Зоран Заев.
Сарачини најпрво тврдеше дека владината коалиција имала 740 илјади гласови, на што доби корективна опомена од Оливер Андонов, неговиот вчерашен сог