Поддржувачите на граѓанската иницијатива ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА и денеска по 72-ри пат по ред во голем број излегоа на улиците низ главниот град за да ја дадат својата поддршка за единствена и унитарна Македонија.-Седумдесет и втори ден повторно на истото место пред Владата, меѓутоа денеска завршуваме пред канцеларијата на ЕУ бидејќи денеска е 9-ти мај денот на победата над фашизмот, а од пред некое време усвоен и како ден на Европа, епа чим го бараа за ден на Европа, ќе одиме пред преставниците на Македонија за да ги потсетиме на вредностите кои не ги застапуваат и не се борат за нив и затоа сме тука ние да ги потсетиме дека се уште има македонци кои се борат за своите правдини, изјави Богдан Илиевски член на граѓанската иницијатива ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА.
Преставници на иницијативата ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА поставија и свежо цвеќе пред споменикот на паднатите борци во народно ослободителната војна во чест на победата над фашизмот.
Граѓаните овој пат од пред Владата ќе се упатат кон канцеларијата на ЕУ, а освен во Скопје масовни протести за поддршка ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА се одржуваат и во над 40 градови и села низ земјава.
-Седумдесет и втори ден повторно на истото место пред Владата, меѓутоа денеска завршуваме пред канцеларијата на ЕУ бидејќи денеска е 9-ти мај денот