Граѓанската иницијатива „За Заедничка Македонија“ денеска по 30-ти пат ги повикува граѓаните да излезат на улиците и јасно и гласно да повторат дека не се за двонационална држава, туку за мултиетничко општество во кое ќе владее почитта и толеранцијата.-30 дена нашата порака е јасна, нема да дозволиме во Македонија да завладеат сопките на разделување кои некои центри потпомогнати со домашни одработувачи сакаат да ги наметнат, со цел центрите да воспостават контрола врз нашата земја и да реализираат свои интереси и агенди, а по цена на бришење на македонскиот идентитет преку зајакнување на националистичката реторика кај оние кои не и мислат добро на сувереноста и унитарноста на нашата земја.
Ние ќе продолжиме со силината на нашето присуство и љубовта кон Македонија да им повторуваме дека нема да ни го скршат духот, туку само ќе не направат појаки. Похрабри и без срам од љубовта кон сопствената земја, ќе продолжиме и во наредните 30 дена секој ден да им повторуваме: мора да се откажете од тиранската платформа и да ја осудите нејзината суштина. Овој срамен документ создаден во соседна држава не смее да биде препакуван и замаскиран како програма на некоја идна влада. Претседател на Собранието не смее да биде некој кој не сака да се откаже од тиранската платформа и да ја осуди нејзината суштина.
Од овие ултимативни барања отстапки ќе нема. И ќе не има се повеќе и повеќе на улиците до конечното исполнување на нашите барања.
За крај, мало појаснување: групацијата „Тврдокорни“ која за утре (среда, 28.03) најавува собир пред споменикот на Бранителите во Жена-парк во 17 часот, 40-тина минути пред тука да дојдеме ние, како што тоа го правиме веќе 30 дена, не е дел од иницијативата за Заедничка Македонија.
За заедничка Македонија и Тврдокорни се две посебни групации, со посебни специфики и посебни методи.
За заедничка Македонија е црвено-жолтата линија на народот.
Сакаме да веруваме дека со Тврдокорни имаме повеќе сличности, отколку разлики и ги охрабруваме на мирен, демократски и достоинствен начин да ги артикулираат своите ставови околу нивните цели, околу суверенитетот на Македонија и предизвиците пред кои сме исправени.
Мешање на наративите и потенцијални обиди нашиот протест да биде поистоветен со нивниот нема да овозможиме, бидејќи се работи за две засебни организации кои по игра на случајност утре ќе се најдат на исто место – ние по 31-ви пат, тие по прв пат.
Браќа и сестри од Тврдокорни, вие имате загарантирано право на изразување на вашите ставови, на протест, и на сопствено мислење. Сакаме да ви укажеме на значајноста да не дозволите да бидете изманипулирани и злоупотребени, и вашата идеја за која веруваме дека е искрена да биде претворена во средство за разнебитување на народната сила и единство, или пак како средство за исраќање на лош имиџ за Македонија во светот или пак за дефокусирање на вниманието од релната опсаност која што ја тишти нашата Татковина.
За заедничка Македонија остварува победи во континуиет, победи на народот и оваа битка која а автентична и има добра мисла не треба да биде извалкана, туку треба да продолжи да инспирира со својата ведрина, искреност и реална сила.
Секој кој го дели нашиот повик за достоинствен протест без пораки на шовинизам, националистички скандирања и цивилизирано однесување ќе е добредојден на нашите протестни маршеви. Секој кој планира да се однесува поинаку сметаме дека не ги дели нашите идеи и визија и таквото поведение го осудуваме, пишуваат од иницијативата ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА на Фејсбук профилот.
-30 дена нашата порака е јасна, нема да дозволиме во Македонија да завладеат сопките на разделување кои некои центри потпомогнати со дома