„Почнаа разговорите. Итно е потребна нова влада за да спроведе реформи. Нема време за губење! Европскиот пат е отворен за Скопје по последниот Совет на ЕУ, но часовникот отчукува. Потребно е лидерство наместо тактизирање. Економијата страда“, напиша на Твитер еврокомесарот за проширување Јоханес Хан по првата средба во Собранието на Македонија со лидерот на Беса Билал Касами.
По Касами, Хан и тројцата европратеници Иво Вајгл, Едвард Кукан и Кнут Флекенштајн, се среќаваат со лидерот на Алијансата на Албанците Зијадин Села, по што треба имаат одделни средби и со лидерите на ДУИ Али Ахмети, на СДСМ Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Претседателот Ѓорге Иванов, како што информираа од неговиот кабинет, нема да се сретне со Хан.
Еврокомесарот и тројката европратенции денеска се во Скопје во уште еден обид за договор за излез од политичката криза во која земјата е подолг период.
Според најавите од ЕК во пресрет на посетата, се очекува Хан, Вајгл, Кукан и Флекенштајн, да ја повторат позиција на ЕУ за почитување на исходот од изборите и да се дозволи продолжување на демократските процеси со брзо формирање реформски ориентирана влада, која ќе продолжи со имплементација на договорот од Пржино.
Се очекува по денешните средби Хан да ја информира јавноста за разговорите со политичките лидери и за позицијата на ЕУЕвропскиот пат е отворен за Скопје по последниот Совет на ЕУ, но часовникот отчукува. Потребно е лидерство наместо тактизирање. Економијата страда&