Доколку СДСМ и формираат влада тоа значи дека целиот оној корпус на гласови кои ВМРО-ДПМНЕ ги доби од условно кажаниот македонски корпус на гласови, нема да одлучуваат туку Али Ахмети ќе одлучува за тоа, вели Илија Димовски во интервјуто на Канал 5.Тој потенцира дека во тој корпус на гласови, не се само гласовите на Македонците во Македонија.
-Тука има и Турци, Власи, Роми, Бошњаци и Срби, кои што гласале за ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ, воопшто не се битни во оваа држава, заради тоа што во оваа држава не одлучуваат граѓаните кој ќе биде во владата или народот, туку во конкретниот случај одлучува ДУИ и нејзиниот претседател Али Ахмети.
Димовски вели дека немало да има потреба да се одржат парламентарни избори во декември, туку можело да го прашаат Ахмети кој ќе формира влада.
-Практично немаше да има потреба да одржиме парламентарни избори во декември минатата година, можеше само да го прашаме господинот Ахмети и неговото раководство кој ќе биде власт, и тие да кажат СДСМ ќе биде на власт, заради тоа што сите оние кои гласале спротивно на СДСМ воопшто не се значајни, вели Димовски.
Тој потенцира дека ако се наруши принципот „ победник со победник“ тогаш се губи принципот и смислата на демократското функционирање во оваа држава.
-Тоа значи дека мнозинството од гласачите воопшто нема да бидат прашани за ниту една било каква одлука, кој ќе ја составува владата, какви политики ќе се спроведуваат, какви даноци ќе се спроведуваат, каков буџет ќе има државата и ред други одлуки кои што ги носи Собранието и Владата, изјави Димовски.Тој потенцира дека во тој корпус на гласови, не се само гласовите на Македонците во Македонија.
-Тука има и Турци, Власи, Роми, Бошњаци и С