Градоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски денеска се сретна со францускиот амбасадор во Македонија Кристиан Тимоние.На средбата, како што соопшти општина Гази Баба, Трајковски на амбасадорот му го претставил профилот на општината, индустриските капацитети, развојот на културата, спортот, образованието, капиталните проекти и развојните капацитети на општината. Ја потенцирал и изградбата на Културниот центар во Автокоманда, кој се прави со јавно-приватно партнерство со француската музичка продукција „ФАМЕС“.
Амбасадорот Тимоние изразил задоволство од соработката на општината со едната од петте водечки музички продукции во светот за изработка на филмска музика „ФАМЕС“.
– Градоначалникот и амбасадорот се договорија да ја продлабочат соработката на полето на културата и бизнис заедницата, со што во иднина би се отвориле можности за збратимување на некоја општина од Франција, која е слична по нејзината структура, со општина Гази Баба, се вели во соопштението од општина Гази Баба.На средбата, како што соопшти општина Гази Баба, Трајковски на амбасадорот му го претставил профилот на општината, индустриските капаците