Русајков: Заев е тука затоа што ангажираните „андроиди“ процениле дека тој е добар за да го разбуричка жарот за да пламне

Те­кот на пла­не­тар­но­то по­ли­тич­ко дејс­тву­ва­ње го ди­кти­ра­ат свет­ски­те цен­три на моќ, ве­ли пи­са­те­лот и ре­жи­сер Але­ксан­дар Рус­ја­ков за „Република“, спо­ред кој та­ка би­ло по­ра­но, та­ка е се­га, а та­ка и ќе би­де за­тоа што одам­на пре­ста­нав­ме да би­де­ме ду­хов­ни би­ти­ја.– По­ли­ти­ка­та е кон­ти­ну­и­тет, во неа не­ма слу­чај­но­сти. По­не­ко­гаш тој кон­ти­ну­и­тет е тин­тра­ње (Гр­ци­ја), по­не­ко­гаш е уки­ну­ва­ње до не­по­сто­е­ње (Ма­ке­до­ни­ја). Нас во кон­ти­ну­и­тет нѐ ни­штат, и ко­га сме са­ка­ле да соз­да­де­ме др­жа­ва и се­га ко­га ја има­ме. Осо­бе­но се­га, од не­за­вис­но­ста на­ва­му. Во кон­ти­ну­и­тет, че­кор по че­кор, од при­фа­ќа­ње на иди­от­ско­то ФИРОМ, до До­го­во­рот од Пр­жи­но, а еве и соз­да­ва­на­ва пла­тфор­ма во дру­га др­жа­ва со амин на по­ра­неш­ни­от ди­ре­ктор на ЦИА. Проб­ле­мот е што на­ши­те деј­ци, ре­во­лу­ци­о­не­ри, по­ли­ти­ча­ри се­ко­гаш дејс­тву­ва­ле или пре­ра­но или пре­доц­на. Ко­га би­тка­та е ре­чи­си за­гу­бе­на. Та­ка е и се­га. Пред­ло­гот на Гру­ев­ски е до­бар, ама за­доц­нет. На се­гаш­но­то нај­а­ве­но ме­ну­ва­ње на Уста­вот, прет­хо­де­ше јас­но, нед­вос­мис­ле­но ан­ти­у­став­но де­ло на­ре­че­но До­го­вор од Пр­жи­но. Си­те не­го­ви пот­пис­ни­ци из­вр­ши­ја зло­сторс­тво про­тив др­жа­ва­та. За­тоа што или не ја поз­на­ва­ат свет­ска­та игра на кон­ти­ну­и­тет, или се страш­лив­ци или одра­бо­ту­ва­чи. Чо­ве­кот ста­ну­ва ви­стин­ски чо­век ко­га ќе на­у­чи да го љу­би сво­јот не­при­ја­тел, без ова не сме лу­ѓе, ту­ку его­и­зам за­тво­рен во ма­те­ри­ја, вели Русјаков.
– Се­га ра­ка­та е по­да­де­на и ве­лам, до­бро е тоа, но дру­га­та стра­на не­ма да ја при­фа­ти. Не за­тоа што, мо­же­би, дла­бо­ко во се­бе не са­ка, ту­ку за­тоа што не смее. Да му по­да­деш ра­ка на За­ев е исто ка­ко да му ба­раш из­ве­штај на пор­ти­рот за ра­бо­та­та на ди­ре­кто­рот. За­ев ни­ту не­што смис­лил, ни­ту не­што спро­вел, ни­ту е на не­го да ре­ша­ва. На За­ев, ко­га ќе ста­не власт ќе му би­де да­де­на моќ да за­ра­бо­ти или да се од­маз­ди, по­на­та­му не­ма да смее да оди. Тоа што го гле­да­ме из­ми­на­ти­ве две го­ди­ни не­ма вр­ска со За­ев. Тој е ту­ка за­тоа што ан­га­жи­ра­ни­те ан­дро­и­ди (стран­ци) од стра­на на свет­ски­те цен­три на моќ про­це­ни­ле де­ка тој е до­бар да би­де ма­ша што ќе го раз­бу­рич­ка жа­рот за да плам­не. Тол­ку. Ка­ко ил­јад­ни­ци при­ме­ри до­се­га во свет­ска­та исто­ри­ја. За­тоа се­то ова со по­ну­да­та и не­ма не­ко­ја кон­крет­на ло­ги­ка би­деј­ќи, од дру­га­та стра­на, не од­лу­чу­ва чо­ве­кот ко­му му е упа­те­на, додава тој.
– Од СДСМ не­што глу­мат, де­мек не пре­го­ва­ра­ле со кри­ми­нал­ци. Па има­ат блан­ко по­ну­да де­ка ќе би­дат власт, де­ка ќе има­ат под­др­шка, па ќе мо­жат иму­ни­те­ти да од­зе­ма­ат, а су­дот да су­ди. Не­ка ги су­дат кри­ми­нал­ци­те без да ги уди­ра­ат пос­лед­ни­те шај­ки во ма­ке­дон­ски­от иден­ти­тет. Е се­га, би­деј­ќи се да­ле под ки­ри­ја, ва­дат фло­ску­ли за не­пре­го­ва­ра­ње со кри­ми­нал­ци за­тоа што си мис­лат де­ка си­те сме по­ми­на­ле про­цес на зом­би­фи­ка­ци­ја својс­тве­на за не­кои нев­ла­ди­ни. За­тоа што, за­мис­ле­те да ја при­фа­ти во фор­ма ка­ква што му е по­ну­де­на, ем СДСМ на власт, ем сми­ру­ва­ње на стра­сти­те, ем ед­на фор­ма на по­че­ток на се­ма­ке­дон­ско обе­ди­ну­ва­ње. Е, ама да смее…завршува Русјаков.– По­ли­ти­ка­та е кон­ти­ну­и­тет, во неа не­ма слу­чај­но­сти. По­не­ко­га

Пронајдете не на следниве мрежи: