Директорката на ОУ “Св. Кирил и Методиј“ во Општина Центар, Вилма Поповиќ, поставена од градоначалникот Андреј Жерновски, преку тивок процес го поткопува акредитирањето на училиштето кое има можност да биде дел од 3.500 училишта во светот кои работат по престижната меѓународна ИБ Програма.Имено ова училиште како и ОУ „Браќа Миладиновци “ во Аеродром се единствените во во земјата, во кои се спроведува оваа наставна програма, за што, трошоците во целост се подмирувани од страна на централната власт и се инвестирани преку 100.000 евра за дополнителни обуки на наставниците, што пред 4 години резултираше со позитивно оценување и од високите европски претставници, меѓу кои и влијателната европратеничка и претседателка на Комисијата за образование и култура во Европарламентот Дорис Пак. Таа, во 2013 година при посетата на Република Македонија, самоиницијативно изрази желба да увиди како се одвива наставата посочувајќи ја земјата за пример.
-Тука се обучуваат деца за да станат добри граѓани на Европа. Стандардот тука е одличен, дури можам да кажам дека би била среќна доколку и во Германија имаме училишта со ваков стандард, изјави Пак во 2013 година при посетата на ОУ “Браќа Миладиновци“, второто ИБ училиште во државата.
Таквата позитивна оценка и високо позиционираната положба на ОУ “Св. Кирил и Методиј“ е значително нарушена во изминатиот период со партиското назначување на директорката Поповиќ пред речиси една година, која уште додека била одделенски наставник се противела на имплементирањето на ИБ програмата, велат извори од училиштето.
Дополнително според сознанијата, Поповиќ во консултација со одредени лица надвор од училиштето, во моментов продолжува со вешто избегнување на одредени рокови и имплементација на мерки кои се неопходни и влијаат на финалната акредитација на училиштето, кое би станало меѓународно признато и ценето од светски еминентни образовни експерти.
Имајќи го во предвид фактот дека ИБ програмата е всушност посебна методологија на работа со учениците, која ги поттикнува да истражуваат, да го покажуваат својот талент, да развиваат вештини и стекнуваат трајни знаења, како и критички да размислуваат, со ново настанатата ситуација постои сериозна опасност ОУ “Св. Кирил и Методиј“ во Општина Центар, да не ја добие финалната акредитација, а притоа да се обвини Министерството за образование и наука, како дополнителен синхронизиран напад на неоснованите обвинувања на опозицискиот Социјалдемократски сојуз за имплементацијата на секоја позитивна образовна реформа, за која тие најавуваат укинување доколку формираат Влада.Имено ова училиште како и ОУ „Браќа Миладиновци “ во Аеродром се единствените во во земјата, во кои се спроведува оваа наставна пр