Македонија се искачи на 31 место на индексот на економски слободи на американската фондација Херитиџ и влезе во категоријата слободни држави. Извештајот покажува значително искачување на Македонија во рок од една година, од 47 на 31 место, додека оценката е подобрена на 70,7 поени.Со овие резултати, Македонија е единствена држава од Балканот која се најде во категоријата на главно слободни држави во Европа, во друштво со Германија, Чешка, Австрија и Ерменија. Во претходните извештаи Македонија беше оценета како умерено слободна држава.
Водечката американска конзервативна Фондација Херитиџ секоја година ги рангира државите според критериуми кои означуваат слобода на економијата, која е клучна за просперитетот на државата. Извештајот ги оценува државите според четири категории – владеење на правото, големина на државниот апарат и долгот, ефикасност на регулаторниот режим и слобода на трговијата. Македонија вообичано највисоките оценки ги добива во гарантирањето на слободен пристап до својот пазар и отвореноста за трговија со други држави, даноците и намалувањето на регулаторните пречки за водење бизнис. Најдобрата оценка во извештајот Македонија ја добива за ниската даночна стапка – 91,9 поени. Оценката за големината на државата и државниот долг исто така е над просекот, со посочување дека долгот е на ниво на 38,6 проценти од БДП, а владиното трошење изнесува 32,2 проценти.
Оценките за владеењето на правото на Македонија и носат 67 поени за почитување на правото на сопственост, 52 поени за интегритет на Владата и 61,4 поени за ефикасност на судството.
Од соседните држави, Косово и Бугарија се најдобро пласирани, на 46 и 47 место во светот, Албанија е 65-та, Србија е 99-та, а Грција е дури 127-ма. Извештајот е одбележан со тоа што САД паднаа на 17 место, и за првпат не се меѓу првите 15 држави, што според Фондацијата Херитиџ е резултат на високиот буџетски дефицит и долг, зголемената улога на државата во економијата и растечките регулаторни пречки за водење бизнис. Економски најслободни држави според индексот се Хонг Конг, Сингапур, Нов Зеланд, Швајцарија и Австралија, кои единствени се рангирани во највисоката категорија. На самото дно се комунистички држави како Северна Кореја, Венецуела и Куба, додека земји зафатени од војни како Ирак, Либија, Сирија и Сомалија не се рангирани.Со овие резултати, Македонија е единствена држава од Балканот која се најде во категоријата на главно слободни држави во Европа, во друштво со Герм