Преку набавка и примена на современа информатичко комуникациска технологија во основните и средните училишта, Владата и Министертвото за образование и наука континуирано спроведуваат активности во насока на модернизација на условите за реализација на наставата.Покрај имлементацијата на проектот „Компјутер за секое дете“, МОН секоја година набавува интераткивни смарт табли во вредност од 3 милиони денари, кои се распределуваат по основните и средните училишта врз основа на бројот на учениците во училиштата, недостигот на информатичко – комуникациска технологија во соодветните училишта и слично.Досега во училиштата се инсталирани над 100 вакви табли кои наоѓаат широка примена при реализирањето на наставата на најсовремен начин.
Процесот на замена на класичните табли, креди и сунѓери, со таканаречени смарт табли, ќе продолжи да биде дел од програмата за работа и во следниот период, информираше пред неколку месеци заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски.
-Со тоа потврдуваме дека следењето на најновите достигнувања во ИТ областа, нивна набавка и примена во наставата кај нас, а со цел развој на ИТ вештините на учениците, преку креативна реализација на воспитно-образовната дејност, останува да биде наш програмски приоритет, истакна Ристовски.
Покрај зголемувањето на ефикасноста при реализирање на наставната програма, примената на интерактивните табли има и други позитивни елементи, истакнува за Курир професорката по информатика Биљана Крстиќ од ОУ „Кирил Пејчиновиќ“ од Кисела Вода.
-Споредено со минатото кога во кабинетите по информатика имаше само мал број на застарени компјутери, во моментов учениците ги совладуваат ИТ вештините на современи компјутери, а интерактивните табли придонесуваат за поефикасно реализирање на наставата и што е многу важно привлекуваат особено големо внимание кај учениците, истакува професорката Крстиќ, додавајќи дека таблите се користат и по останатите предмети, особено по природните науки.Покрај имлементацијата на проектот „Компјутер за секое дете“, МОН секоја година набавува интераткивни смарт табли во вредност од 3 мили