И речиси два месеци по изборите на кои претрпеа пораз од 20 илјади гласови разлика, СДСМ и Зоран Заев продолжуваат во јавноста да ја експлоатираат трагикомичната реторика дека власта не можела да ја “смени волјата на над 612.000 граѓани кои избрале живот наспроти режим“. Низ неколку примери ќе се обидеме да претставиме колку ваквата математика на СДСМ не само што нема никаков допир со реалноста, туку едноставно претставува дрска навреда за граѓаните.Во обидот да го заобиколат фактот дека СДСМ е поразен на изборите, опозицијата уште при прогласувањето на лажната победа вечерта на 11-ти декември започна да се служи со “весела математика“ за поразот да го претстави како наводна победа со присвојување на гласовите од другите партии и додавајќи ги нив на своето конто. Па така, при манипулациите дека над 600.000 илјади граѓани избрале живот, или поточно го избрале Заев, СДСМ како свои ги калкулира и дополнителни над 170 илјади гласови, надвор од секој здрав разум и секаква логика.
Иако досега јавно не кажаа како дошле до оваа бројка, СДСМ најверојатно како свои ги пресметува и гласовите на БЕСА (околу 60 илјади), Алијанса на Албанците (околу 35 илјади), ДПА (околу 30 илјади) ВМРО за Македонија (околу 25 илјади), Левица (околу 10 илјади), како и оние освоени од партиите на Павле Трајанов (ДС), Јове Кекеновски (ФРОДЕМ) и Ивон Величковски (ЛДП) кои заедно не тежат ниту 15 илјади гласови.
Доколку сите овие се соберат се доаѓа до бројка од 175 илјади гласови, а додека пак ако на овие се додадат 435 гласови освоени од СДСМ се доаѓа до фамозната бројка од над 610 илјади гласови. Фактички ова значи дека СДСМ за свои ги смета гласвоите дадени за сите партии, освен оние за ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Колку ваквата математика на СДСМ е очајна и тагикомична ќе се обидеме да објасниме со неколку спортски примери:
Имено, според оваа очигледно црната математика на Заев и СДСМ, слободно може на фудбалскиот клуб Лестер да му се оспори историскиот трофеј освоен минатата година во Премиер лигата, кога со 81 бод стигнаа до титулата. Според математиката на СДСМ, Лестер не бил шампион, бидејќи сите останати клубови заедно освоиле повеќе бодови од тоа што Лестер освоил?!
Или на пример, нашиот Кире Лазаров со 50 постигнати погодоци беше најдобар стрелец на тукушто завршеното Светско првенство во Франција. Сепак доколку во предвид се земе математиката на СДСМ, тогаш Лазаров не бил најдобар, бидејќи второпласираниот ракометар кој постигна 47 погодоци, или три помалку од Лазаров, на своето конто може да си ги додаде и постигнатите голови од останатите ракометари и да тврди дека тој, а не Лазаров бил најдобар стрелец на првенството?!
Тимот на Барселона, како првак на Шпанија минатаа сезона постигна 112 погодоци во текот нa целата сезона и со тоа беше најефикасна екипа, но според логиката на Заев и СДСM, тоа не е така бидејќи сите други клубови заедно постигнале повеќе погодоци од тимот на Барселона. Или, на пример, Гонзало Игуаин со постигнати 36 погодоци лани беше убедливо најдобар стрелец во италијанското првенство, но не и според веселата математика на македонската опозиција, според која сите останати фудбалери заедно постигнале повеќе погодоци од Игуаин.
Фактите, а не нечии желби и трагикомични математики велат дека на претходните избори најмногу гласови неспорно доби ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата, остварувајќи го вториот најдобар резултат во историјата со освоени 455 илјади гласови, а на СДСМ му преостана да се служи со вакви црпнати математики во обидот да се претстави како некаков победник.Во обидот да го заобиколат фактот дека СДСМ е поразен на изборите, опозицијата уште при прогласувањето на лажната победа вечерта на 11-ти декември