СДСМ и Зоран Заев се поразени во Струмица.Од денес Зоран Заев и СДСМ немаат мнозинство во Советот на општина Струмица. Тие не се власт и немаат кредибититет да продолжат да управуваат и владеат во Струмица, истакна на денешната прес конференција Зоран Пакетов советник во општина Струмица.-Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ „За подобра Македонија“ и ВМРО-НП имаат легитимно мнозинство во Советот на општина Струмица. Дванаесет советници, 12 потписи наспротив 10 советници застапувани од СДСМ. СДСМ немаат легитимитет да продолжат да управуваат затоа што немаат мнозинска поддршка од граѓаните.
Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Струмица бараат итно да се свика седница на Советот на која ќе се верификува новото советничко мнозинство и ќе се избере нов претседател на Советот.
-Потоа, ќе побараме избор на нов градоначалник на општина Струмица бидејќи Зоран Заев веќе нема легитимитет, тој веќе не е власт во Струмица. Ова значи нов почеток за општина Струмица. Почнува транпарентно и отчетно работење во Струмица. Ова значи крај на нетранспарентните и матни тендери и богатење на поединци на грбот на општина Струмица. Ова значи крај на ерата на заплашување и притисоци. Струмичани добиваат одговорна власт за граѓаните. Ќе биде направена целосна ревизија на работењето во сите општински институции и започнува почеток на многу проекти за граѓаните на општина Струмица, вели Пакетов.
-Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ „За подобра Македонија“ и ВМРО-НП имаат легитимно мнозинство во Советот на општина Струмица. Дван