Со надеж и стиснати палци го испратија, а со торта кратовчани го дочекаа Давид Стојановски од лекувањето во Виена. Не една, туку четири операции биле потребни за да се спаси ногата на тринаесетгодишниот Давид, кој пред две недели замина на операција во Виена. Детето од Кратово и неговото семејство минале низ вистинска голгота, бидејќи првите триоперации биле неуспешни. Доктор Коц им соопштил дека ќетвртата операција ќе биде пресудна за да се спаси ногата на Давид и да се избегне целосна ампутација. За среќа, операцијата се покажала успешна за Давид, па така храброто момче со насмевка на лицето се врати во родното Кратово.-Сакам да изразам благодарност до сите хумани грашани што донираа за давид. Првата фаза од лекувањето во Виена заврши успешно, а за 2-3 месеци ќе заминеме повторно во Виена за втората фаза – истакна таткото Игор.
Престојот во Виена го чинеше семејството Китановски околу 55.000 евра, пари собрани од хуманите граѓани. За два месеци Давид повторно ќе замине во Виена, каде ќе му биде вградена протеза која чини 4.000 евра. Тогаш д-р Коц ќе направи операција за отстранување на метастазите на белите дробови, за која семејството сеуште не знае колку ќе чини.
Телефонските броеви за донирање сеуште се активни и хуманите граѓани и понатаму може да донираат.-Сакам да изразам благодарност до сите хумани грашани што донираа за давид. Првата фаза од лекувањето во Виена заврши успешно, а за 2-3 месеци ќе з