Деновиве сме сведоци на една голема грешка, нестручност и неодговорноста на општината Куманово. Најголемата општина се најде во ситуација да нема набавено нафта за основните училишта при што децата не беа во можност да посетуваат настава неколку дена, велат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Куманово.Во продолжение следува интегрален текст од ВМРО-ДПМНЕ Куманово
Одговорна општина не смее да дозволи договорот за набавка да истече, а во меѓувреме да не го продолжи со нов и на крај децата на минусни температури да слушаат часови во незатоплени простории.
Загрижени родители интервенирале кај директорите, но сепак залудно. Градоначалникот не е во општина, а децата и општинарите во Куманово се препуштени сами на себе. Училишните простории неколку дена не се доволно затоплени што може повторно да го интезивира ширењето на грипот.
Денес се набавени и интервентни седум тона нафта, но сепак срамот и неодговорноста не се забораваат туку така. Децата ќе треба да го надоместат пропуштеното со часови и во неработни денови.
Општината се повеќе и повеќе се глави во проблеми и скандали и се повеќе на граѓаните им станува јасно дека градоначалникот и неговата елита не се способни да раководат со овој град.
Му порачуваме на градоначалникот дека Куманово не е рулет, па да го врти како сака. Среќата, но и поддршката на граѓаните не се веќе на ваша страна.Во продолжение следува интегрален текст од ВМРО-ДПМНЕ Куманово
Одговорна општина не смее да дозволи договорот за набавка да истече, а во ме