Распоредот на силите во Парламентот покажуваат дека клучната улога во составувањето на потребното мнозинство ја има ДУИ. Интергативците свесни за тоа, поставуваат услови, се пазарат и се обидуваат да добијат најмногу што можат од ситуацијата во која се наоѓаат, иако на последните избори го добија најслабиот резултат од нивното формирање.Изборните резултати покажаа дека ВМРО-ДПМНЕ има најмногу пратеници, односно 51 но тие, не се доволни за формирање влада.
За мнозинство, на ВМРО-ДПМНЕ му фалат уште 10 пратеници. Теоретски, во игра се три опции. Едната е онаа која се договараше во текот на вчерашниот ден, а тоа се пратениците на ДУИ со кои би можеле да заокружат минимум мнозинство од 61 пратеник.
Втората опција, само како теоретска, најверојатно неостварлива во пракса, се останатите 3 албански политички партии и коалиции во Собранието. Пет пратеника на БЕСА, три на алијансата и 2 на ДПА се доволни за да се формира мнозинство од 61 пратеник.
Третата опција за ВМРО-ДПМНЕ, исто така само како теорија, со речи си никаква можност за нејзино остварување во пракса е коалиција со СДСМ со што двете партии би имале огромно мнозинство од 100 пратеници.
Во спротивниот табор, СДСМ има две опции од кои, онаа нереалната, коалиција со ВМРО-ДПМНЕ е сведена само на теорија.Во останатите комбинации, клучен за Заев е Ахмети, бидејќи без ДУИ, за СДСМ нема начин да се формира коалиција.
Во такви околности, во новинарските кругови на шега се коментира дека Ахмети е всушност новиот мандатар, бидејќи формирањето на Владата речи си комплетно зависи од неговата партија.Сепак, треба да се има предвид дека и во ваква ситуација, постои уште опција е тоа е Собранието да се распушти и да се организираат нови избори.
Но согласно Уставот, меѓу два изборни циклуси од иста категорија мора да има најмалку 6 месеци временско растојание, што значи, дека ново соочување со граѓаните партиите, најрано можат да закажат на 11 јуниИзборните резултати покажаа дека ВМРО-ДПМНЕ има најмногу пратеници, односно 51 но тие, не се доволни за формирање влада.
За мнозинство, на