ВМРО-ДПМНЕ смета дека решение за актуелната состојба по отсуството на одлуката на ДУИ во врска со идната коалицја е одржување на нови избори. Ставот, полтичката партија го соопшти во писмено соопштение синоќа.ВМРО-ДПМНЕ ја информира јавноста дека договор за коалицирање со партијата ДУИ не е постигнат.
ВМРО-ДПМНЕ заедно со коалицијата За подобра Македонија како победник на последните избори која доби најголема поддршка од граѓаните и освои најголем број гласови и пратеници, смета дека формирањето на Влада треба да биде во функција на затворање на политичката криза, а не нејзино продлабочување и смета дека одржувањето на нови избори е зрело решение, а во функција на надминување на кризата и поставување на реформските приоритети во прв план.
Секое друго решение само ќе доведе до нова конфликтност и проблеми во и онака поделеното општество и нема да биде во функција на одржливост и остварување на било чии програмски цели.
Очигледно некој сака да се занемари волјата на мнозинството граѓани и да ја втурне Македонија во некоја нова неизвесна фаза од нејзиниот развој. ВМРО-ДПМНЕ останува на своите принципиелни позиции по однос на стратешките прашања од државен и национален интерес и прогласот усвоен на 17 декември 2016-та година.“ – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНE.ВМРО-ДПМНЕ ја информира јавноста дека договор за коалицирање со партијата ДУИ не е постигнат.
ВМРО-ДПМНЕ заедно со коалицијата За подобра М