Дарко Јанкоски го фати светиот крст во Прилеп

Дваесет и четири годишниот Дарко Јанкоски го фати Светиот крст во Прилеп, кој денеска, по повод празникот Богојавление – Водици, се фрлаше во базенот на хотелот „Сонце – ГА“. Јанкоски рече дека досега се имал фрлено 7 пати по крстот, а ова било прв пат како го фаќа. „Досега 7 години се фрлам по светиот крст, прв пат годинава го фаќам, им посакувам на сите да имаат многу здравје, успех и среќа“, рече Дарко Јанкоски.
 
Инаку Јанкоски беше најсреќниот од 87-те учесници кои денеска се фрлија по крстот во Прилеп. Локалната самоуправа за сите обезбеди и пригодни подароци.
 
„Од името на градот и локалната самоуправа на Дарко Јанкоски сакам да му честитам бидејќи тој беше најуспешен во фаќањето на крстот. Исто така им честитам и на сите учесници, кои се фрлија по Светиот крст на овој голем христијански празник, а кои годинава ги имаше во рекорден број, дури 87. Им посакувам многу здравје, успех и среќа на сите учесници на овој настан и на сите православни христијани од општина Прилеп и Р. Македонија. За сите учесници, како локална самоуправа, обезбедивме пригодни подароци, а на Дарко Јанкоски, во соработка со компанијата „Зегин“ му подаривме телевизор и златен крст“, истакна Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.
 
Градоначалникот на општина Прилеп, Марјан Ристески, по повод големиот христијански празник Богојавление, денеска присуствуваше и во населните места Мало Коњари, Големо Коњари, Ново Лагово и Штавица, каде исто така се фрлаше крстот.
 
„Веќе 6 години се фрлам по крстот и ова ми е трет пат како го фаќам. Посакувам на сите Бог да им подари пред се многу здравје“, рече Бојан Николоски, кој го фати крстот во н.м. Мало Коњари.
 
„Ова ми е трет пат како што се фрлам по крстот и прв пат го фаќам. Сакам оваа година да биде бериќетна за мене и мојата фамилија“, рече Јане Пуцакоски, тој што го фати крстот во н.м. Големо Коњари
 
„Крстот го фаќам по втор пат и на сите им посакувам многу бериќет“, кажа Давид Блажески, оној кој го фати крстот во н.м. Ново Лагово.
 
„Крстот го фаќам по прв пат, прекрасно е чувството“, рече Никола Бозоски, тој што го фати крстот во н.м. Штавица.
 
„Традиционално секоја година како локална самоуправа присуствуваме на фрлањето на крстот освен во градот Прилеп така и во другите населени места и на сите оние кои денеска го фатија крстот, им посакувам да имаат многу здравје, успех и среќа. За сите учесници обезбедивме пригодни подароци, а на оние кои ги фатија крстовите во населените места им подаривме по еден златен крст“, изјави Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.
Традиционално, по фрлањето на светиот крст во базенот на хотелот „Сонце ГА“ во Прилеп се организираше донаторски ручек, а собраните средства ќе бидат наменети за доизградба на црквата Света Петка во населбата Точила.
 
„Голема благодарност до сите оние кои учествуваат на овој ручек, а собраните средства ќе се употребат за партерно доуредување на црквата Света Петка. Голема благодарност до бизнис секторот и сите граѓани кои во изминативе 7 години учествуваат во изградбата на црквата. Црквата Света Петка е еден од најубавите православни храмови во Македонија“, додаде изјави Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.
 
Делегации составени од претстваници на локалната самоуправа на Прилеп денеска по повод празникот Богојавление посетија и други повеќе населени места во општина Прилеп каде се фрлаше крстот. „Досега 7 години се фрлам по светиот крст, прв пат годинава го фаќам, им посакувам на сите да имаат многу здравје, успех и среќа“, рече

Пронајдете не на следниве мрежи: