Забрана за сообраќај за тешки товарни возила има на планинските премини Стража и Ѓавато, како и на патниот правец крак Маврово – Дебар, соопшти АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, со остатоци од кашест снег.
Магла со видливост до 50 метри има на Плетвар, а снег со слаб интензитет паѓа во Kрива Паланка, Дебар, Ресен, Ѓавато, Пресека, Железнец, Штип, Сарамзалино, Павлешенци, Делчево, Велес, Неготино, Кула и Петровец, додека слаб дожд врне во Удово и Гевгелија.
АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува за македонската страна на преминитеСообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, со остатоци од кашест снег.
Магла со видливост до 50 метри