среда, 11 ноември 2026
Најново

Пленумци со надеж за високи државнички позиции

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Членови на таканаречениот “Студентски пленум“ повторно го активираат барањето за промена на студентското организирање на најголемиот државен универзитет “Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. На една од телевизиите каде им е гарантирано дека нема поставување на непредвидени и дополнителни прашања, денес Деа Здравковска и Ѓорѓи Рајчиновски образложуваа дека моделот кој го предлагаат наводно ќе обезбедел нови бенефиции за студентите и ќе воспоставел поголема контрола во трошењето на студентските пари.
 
 Всушност, нивната идеја е дека Студентскиот парламент треба да функционира под закрила на универзитетот, со што, на тој начин би ја изгубил автономноста и од страна на одредени чинители би се воспоставила тотална финансиска зависност, преку која би се влијаело на носењето на одлуките.
Деа Здравковска е еден од најблиските пријатели на лажниот борец за студентски права Ивана Туфегџиќ која потоа учествуваше во т.н. Шарена револуција и на тој начин си обезбеди пратеничко место преку листите на СДСМ поддржани од околу 80.000 албански гласови. Водена од примерот на Туфеџиќ, на формирање влада од страна на СДСМ и на висока државничка позиција се надева и Здравковска. Оваа желба дури и често ја споменувала меѓу луѓето со кои дружи.Всушност, нивната идеја е дека Студентскиот парламент треба да функционира под закрила на универзитетот, со што, на тој начин би ја изгубил автоном

Поврзани вести