Апелирам да ја оставиме Комисијата без притисоци законски да си ја заврши работата. Има рок од 90 дена, Комисијата работи во целост согласно процедури на банката и банката ги одобрува чекорите согласно процедурите. Кога ќе се заврши целата евалуацијата Комисијата излегува со извештај во кој ги нотира сите аспекти и предлага кој понудувач да биде избран, истакна денес министерот за здравство Никола Тодоров одговарајќи на новинарско прашање.
Очекувам да се направи клучниот чекор во македонското здравство, а тоа е да се отпочне со изградба на новиот Клинички центар, што ќе биде најголемата реформа во македонското здравство, вели Тодоров.
Министерот за здравство вчера одговарајќи на новинарско прашање истакна дека очекува евалуацијата да заврши и пред предвидениот рок и потоа да се пристапи кон склучување на договор за почеток на градежните работи.
Изградбата на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ е голем капитален проект кој се спроведува во здравството.
Проектот предвидува изградба на нов Клинички Блок, нова зграда на лаборатории во кој што ќе влезат нови простории на 23 клиники односно Очна клиника, Клиника за уво нос и грло, Клиника за радиологија, Ургентен центар, Дерматологија, Неврологија, Пулмологија, Гастро, Ендокринологија, Ревматологија, Завод за слух, говор и глас, Клиника за анестезија и интензивно лекување, Невро хирургија, трауматологија, Психијатрија, Токсикологија, Ортопедија, Неврологија, Хематологија, Нефрологија, Трасфузиологија, Микробиологија и нуклеарна медицина.
-Ќе следи и адаптација и реконструкција на зградата на Хируршките Клиники во кои и сега се сместени Урологија, Дигестивна клиника, Пластика и Торакална клиника.
Изградбата на новиот Клинички центар ќе овозможи бенефит за сите граѓани, имајќи в предвид дека на годишно ниво во клиниките минуваат повеќе од 800.000 посетители, односно околу 2.200 посетители дневно.Очекувам да се направи клучниот чекор во македонското здравство, а тоа е да се отпочне со изградба на новиот Клинички центар, што ќе биде најголема