Преку СОРОС во Македонија во изминатиот период беа увезени некои агреивни вируси на политички радикализам, истакна Цветин Чилиманов за ТВ НОВА во анализа за анти-сорос протестите на македонската дијаспора во САД и влијанието на фондацијата СОРОС во Македонија.
-Се наметнуваше една крајно левилчарска оријентација во економијата, крајно левичарска оријетнација во општетствените семејни односи коишто мислам не сме ги ни имале до тоа ниво во Македонија. Тука беа и оние агресивни насилни протести со емотивно набиени пораки коишто се направени со цел да се раскараат луѓето меѓусебно. Тоа беше увезено преку оваа фондација. Паролата „Нема правда, нема мир“, не беше нешто иновативно, туку директно увезена од учебници за организирање на протести, појасни Чилиманов.
Тој заклучи дека со изборот на Трамп за претседател, започнува еден нов период во политиката на САД.
-Како одговор на овие агресивни политики на левицата во САД и на Обама таму и тука, гледаме дека во САД и во Европа на власт доаѓаат десни движења и партии кои бараат да се стави крај на политичките злоупотреби од изминатите 8 години. Македонија ќе биде дел од оваа приказна, не затоа што ние така решивме, туку затоа што фондацијата СОРОС во Македонија така реши, предизвикувајќи ја оваа политичка криза во којашто живееме денес, смета Чилиманов.
-Се наметнуваше една крајно левилчарска оријентација во економијата, крајно левичарска оријетнација во општетствените семејни односи коишто мислам