На патниот правец Прилеп – Витолиште сообраќајот е дозволен само за лесни возила, со задолжителна употреба на зимска опрема, соопшти Автомото сојузот на Македонија.Затворени за сообраќај се патиштата кон селата Герман, Гошинце и Алешевце.
На планинскиот премин Плетвар и на патниот правец Маврово – Дебар сеуште важи забраната за движење на тешки товарни возила.
Од АМСМ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато, во зимски услови, по влажни коловози и со остатоци од снег на коловозите, по интервенција на екипите од Македонија пат.
На планинските премини, повисоките и осојничави места поради ниски температури можна е појава на голомразица. Врнежи од слаб снег во раните утрински часови се бележат во Крива Паланка.
АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.Затворени за сообраќај се патиштата кон селата Герман, Гошинце и Алешевце.
На планинскиот премин Плетвар и на патниот правец Маврово &ndash