Претседателот на Општински комитет Кисела Вода на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски денес посети 10 социјално загрозени семејства при што беа донирани хигиенски и прехранберни продукти.Тој истакна дека хуманитарната акција се реализира традиционално секоја година пред новогодишните и божиќните празници, кај најранливите категории на граѓани.
-Сите семејства кои што денес беа посетени добија хуманитарни пакети со прехранбени и хигиенски производи, а дополнително кај две семејства дониравме дрва за огрев, истакна Ѓорѓиевски.
Претседателот на ОК Кисела Вода додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи и во иднина со реализација на конкретни активности, со кои се потврдува општествената одговорност и грижата за сите категории на граѓани. Тој истакна дека хуманитарната акција се реализира традиционално секоја година пред новогодишните и божиќните празници, кај најранливите категории