Нескриени се обидите на СДСМ да го купи Теарце, за што сведочат и фотографии што ги објавуваат на Фејсбук активисти на СДСМ и информации до кои доаѓаат медиумите.Мештани до селото тврдат дека СДСМ со многу пари кои ги растура главно преку џамиите во селото се обидува да ја добие нивната поддршка и во недела да гласаат за нив, пишува „Република“.
Овие тврдења на граѓаните се во насока на тезата дека се работи за сценарио за поткуп на гласачи со идеи кои одат во полза на една етничка група.
Како гласаше Теарце на 11 декември
На избирачкото место 2011 во Теарце во Избирачкиот список се запишани вкупно 714 гласачи.
На 11 декември на гласање излегле 404 од кои 91 гласале за ВМРО-ДПМНЕ, 87 за СДСМ, 65 за Беса, 64 за ДПА, 53 за ДУИ, 25 за Алијансата на Албанците и по еден за ВМРО за Македонија и за Коалицијата за промени и правда – Трет блок.
Во Изборната единица 6 според резултатите на ДИК, најмногу гласови 40.546 освои ДУИ, потоа следи ВМРО-ДПМНЕ со 26.044, СДСМ со 25.741, Беса со 24.989, Алијанса за Албанците 17.945, ДПА 16.161, ВМРО за Македонија 918 и Коалицијата за промени и правда – Трет блок 238.
Според добиените гласови, најмногу пратеници, односно 6 освои ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ 4, Беса 3, СДСМ 3, Алијанса за Албанците и ДПА 2.
Прегласувањето доаѓа како резултат на прифаќањето на тужбата на СДСМ од страна на Управниот суд на Република Македонија за поништување на гласањето на гласачкото место 2011 во Теарце и тужбата на ВМРО-ДПМНЕ против одлуката на ДИК да се поништи гласањето на избирачкото место 0396/1 во Гостивар.
Жителите на Теарце повеќе пати изјавуваа дека не гледаат потреба за прегласување и дека изборите биле фер демократски. Велат дека не дозволуваат омаловажување преку поткуп. И дека прегласувањето е непотребно.
Членовите на општинската изборна комисија во Теарце и избирачкиот одбор два пати сведочеа во ДИК. Речиси сите тврдеа дека немало неправилности. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ е со став дека се работи за сценарио за постизборен инженеринг за негирање на волјата на гласачите и за да се украде изборната победа. Жителите на Теарце повеќе пати изјавуваа дека не гледаат потреба за прегласување и дека изборите биле фер демократски.Мештани до селото тврдат дека СДСМ со многу пари кои ги растура главно преку џамиите во селото се обидува да ја добие нивната поддршка и во недела