Со почеток во 12.00 часот во Канцеларија бр. 6 ќе одржи јавна седница по поднесената тужба од Коалицијата за предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Македонија 2016 година предводена од ВМРО-ДПМНЕ за поништување на Решението на Државната изборна комисија УП1.10-487 од 16.12.2016 година заведена под УРП.бр.517/2016, објавено е утрово на сајтот на Управниот судУправниот суд денеска ќе одржи седница на која ќе ја разгледа тужбата од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ на предвремените парламентарни избори на 11 декември, која се однесува на решението на Државната изборна комисија за прифатениот приговор на БЕСА.
Тужбата, како што соопшти Судот, се однесува за поништување на Решението на Државната изборна комисија УП1.10-487 од 16.12.2016 година заведена под УРП.бр.517/2016.
Со Советот на судии ќе претседава Есма Алибашиќ Јонуз, а членови се Розалиа Кочковска, Ана Герасимовска, Тања Терзиева и Ељмедине Асани.
Управниот суд синоќа ја заврши расправата по две тужби поднесени од Коалицијата предводена од СДСМ за решенијата на ДИК за приговорите за предвремените парламентарни избори на 11 декември.
Одлуките по тужбите Управниот суд треба да ги донесе најдоцна 24 часа по расправата по нив и да ги објави на неговата веб страница. Одлуките на Управниот суд се конечни.
Судот тртеба да разгледа уште две тужби поднесени од СДСМ за предвремените парламентарни избори.Управниот суд денеска ќе одржи седница на која ќе ја разгледа тужбата од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ на предвремените парламентарни избори