Државната изборна комисија по половина час задоцнување ја почна седницата на која ги разгледува приговорите на СДСМ и Коалицијата и на Беса на изборите. Едногласно ченовите на ДИК се договорија приговорите да се разгледуваат според времето кога се поднесени прво на Беса па потоа на СДСМ.Комисијата пред да одлучува по секој од приговорите утврдува дали е поднесен според формалните и процедуралните барања. Овластениот претставник на Беса доцнеше, па претседателот на ДИК, Александар Чичаковски, даде пауза од 10 минути за да се утврди кои се причините што нема претставни на оваа партија.
-Сите очи се вперени кон нас како членови на ДИК, од нас се очекува висок степен на професионалност, непристрасност и објективност за постапување согласно изборниот законик и правилник каде што точно е наведено што може да биде основ за поднесување приговори, појасни во своето излагање членот на ДИК, Сашо Срцев.
Сите ние работевме повеќе од 1 година за подготовка на овие избори за враќање на довербата во избирачкиот список и организирање на истите, додаде тој.
-Изборите на 11.12.2016 година, беа оценети и од домашната и од меѓународната јавност беше дека изборите беа фер и демократски. Изборниот ден помина без ниту еден приговор и забелешка од ниту една политичка партија за ниту едно избирачко место на цела територија на Македонија и ова до сега е невидено во досегашните избори. Ниту еден член на општинската изборна комисија не испратил никаков приговор за било каков проблем во текот на гласањето. Јавноста може да слушне дека ниту еден подносител на листа или учесник во изборите не поднесол никаков приговор, што се однесува на текот на гласањето ниту пак никаква забелешка за нарушување на изборниот процес. Немаше никаква интервенција на полицијата која што би требало да спречи било какво нарушување на гласање, рече Срцев.
Фактичката состојба е дека СДСМ со неосновани приговори во чисто албански средини сака да ја украде волјата на мнозинството македонски гласачи и со прегласување во соработка со БЕСА да дојде до посакуваниот број гласови. СДСМ освои околу 70.000 албански гласови, со кои компензираше дел од разликата и заостанувањето во однос на ВМРО-ДПМНЕ. Најмалку 35.000 се албански гласови во чисто албански средини.
Карактеристично во овие средини е тоа што голем дел од населението или не знае или тешко го говори македонскиот јазик, така што дополнително се креваат сомнежите за причините поради кои ваквиот контингент гласови бил испорачан на контото на СДСМ. Ваквата апсурдна ситуација се потврди и на самата прослава каде најрадосни беа албанските структури во СДСМ.
Ибраими: Приговорот на БЕСА е неоснован, нема докази дека се направени повредите кои ги наведуваат
При образложението на приговорот на претставникот од БЕСА тој рече „не ни дале да ставиме забелешки“. Ако некој не му дал имаат право тоа да го побараат пред општинската изборна комисија после 19 часот, а тој потврди дека тоа не го направиле. Директно доаѓа до ДИК. Во овој приговор, јас не гледам никаков доказ дека се направени тие повреди кои ги наведува претставникот на подносителот на приговорот, вели Бедредин Ибраими членот на ДИК од ДПА во врска со приговорот на БЕСА поднесен за избирачкото место 2333/1 во Арачиново.
-Во овој приговор за мене е само пишување и укажување дека е сторена некаква повреда, а нема приложено никаков доказ. По мене тој приговор е неоснован, вели членот на ДИК:
Ибраими додаде дека и во прилог на приговорот членовите на ДИК ја немаат заверената изјава од нотар за која говорел претставникот од БЕСА.
-Не значи дека било која изјава заверена на нотар е доказ. Изјави може било кој во било кое време да обезбеди. За мене тоа не е доказ, ако нема други опипливи докази за денот на гласањето во одреденото гласачко место, додава Ибраими.
Комисијата пред да одлучува по секој од приговорите утврдува дали е поднесен според формалните и процедуралните барања. Овластениот прет