По изборниот пораз, дали Заев ќе си поднесе оставка од партијата како што најави?

ДИК преброи 100% од гласовите: официјално, ВМРО – ДПМНЕ победи на предвремените парламентарни избори. По донтовиот модел, партијата доби 51 пратеник, наспроти СДСМ кој имаат 49.Во 04:30 по полноќ, ДИК ги објави официјалните резултатите на скоро 100% пребројување на сите избирачки места, со исклучок на едно избирачко место од изборната единица 3 кое не може да влијае на распределбата на пратенички мандати. На ниво на Македонија, ВМРО-ДПМНЕ победува со 14.602 гласови разлика.
Според донтовиот модел, ова значи дека ВМРО-ДПМНЕ освојува 51 пратеник, наспротив СДСМ кои освојуваат 49. Покрај нив, во собранието влегува и ДУИ со 10, ДПА со 2, БЕСА со 5 и Алијансата на Зијадин Села со 3.
Од ДИК најавија дека мандатите ќе ги распоредат утре, но со оглед на тоа дека на нивната страница се објавени резултатите за сите изборни единици – симулацијата преку распоредување по донтов модел може да ја погледнете во прилог.
Вечерва и двете политички партии објавија победа. Први на улиците излегоа СДСМ. Лидерот на партијата Зоран Заев држеше славенички говор говор пред владата на Република Македонија во кој истакна дека победиле со еден пратеник разлика.
– Имаме 52 мандати, еден повеќе од ВМРО-ДПМНЕ. Опозицијата на СДСМ, заедно со граѓаните имаме еден мандат плус,чекаме резултатите водиме со 1 мандат повеќе, но почитувани граѓани радувајте се, славејте го животот, падна режим – рече Заев.
Потоа со победнички говор излезе претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски кој за разлика од Заев не шпекулираше со бројот на мандати.
– Денес победи ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија”, но денес победи и Република Македонија. Ова е 10-та изборна победа на ВМРО-ДПМНЕ и 10-ти пат по ред мнозинството граѓани во Република Македонија гласаа и со најголем број гласови го поддржаа ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата и нашата програма, визија, тим и начин на кој работиме и сакаме да продолжиме да работиме, истакна Груевски.
Денешниот резултат значи дека претседателот на државата мандатот за формирање на Влада ќе му го додели на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Доколку се почитува воспоставеното правило за клоалиција помеѓу победникот во албанскиот и македонскиот политички блок, тоа значи дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ би можеле да формираат влада со точно 61 пратеник, што е бројка потребна за формирање на влада.
Според експертската јавност, ВМРО-ДПМНЕ го има и легитимитетот затоа што успеа да победи во четири од шесте изборни единици.
Во неговата изјава по гласањето на избирачкото место, лидерот на СДСМ Зоран Заев најави дека доколку не победи на изборите ќе се повлече од политиката.
– Прво што ќе направам вечер е ќе прогласам победа. А ако не победам тоа ќе значи крај на мојата политичка кариера. Ако на вака значајни избори се случи негативен резултат тогаш ми завршува политичката кариера, рече Заев – рече Заев.
Во исто време, Заев беше поразен од Никола Груевски и во неговата изборна единица 4. Дали лидерот на СДСМ ќе го испочитува своето ветување и ќе се повлече од политиката останува да видиме.
 
Љупчо ЗЛАТЕВ
ВечерВо 04:30 по полноќ, ДИК ги објави официјалните резултатите на скоро 100% пребројување на сите избирачки места, со исклучок на едно избирачко место

Пронајдете не на следниве мрежи: