Затворени гласачките места

Во 19 часот се затворени избирачките места на кои граѓаните на Република Македонија можеа да гласаат на предвремените парламентрани избори. По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа.На денешните деветти парламентарни избори во Македонија, а четврти предвремени од 2008 година, право на глас според Избирачкиот список имаа 1.784.416 граѓани, од кои 1.531.368 граѓани во Македонија.
Изборите се спроведуваат според пропорционален модел во шест изборни единици со 3.480 избирачки места во Македонија и во Седмата изборна единица која ја опфаќа дијаспората каде има 46 избирачки места. Гласањето во дијаспората се одвиваше вчера, кога се изјаснуваа и болните и немоќните, затворениците и лицата во притвор и внатрешно раселените лица.
Според последните податоци што ги објави ДИК, одѕивот на гласачите до 17 часот на денешните предвремени парламентарни избори е 60,38 отсто.
На предвремените парламентарни избори граѓаните можеа да избираат меѓу 11 политички субјекти: Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Демократската партија на Албанците (ДПА), Демократската унија за интеграција (ДУИ), Коалицијата предводена од СДСМ, Коалицијата „За промени и правда-Трет Блок, Партијата за демократски просперитет (ПДП), Коалицијата „Алијанса за Албанците“, Либералната партија, ВМРО-За Македонија, Движење БЕСА и Левица.
Првичните резултати од гласањето ДИК ги објавува во рок од 12 часа, а конечните 24 часа по завршувањето на гласањето.
Денешните избори ги следеа 7.585 домашни и 667 странски набљудувачи, како и 75 странски новинари.На денешните деветти парламентарни избори во Македонија, а четврти предвремени од 2008 година, право на глас според Избирачкиот список имаа 1.784.4

Пронајдете не на следниве мрежи: