Денеска е денот кога сите граѓани ја имаат повторно моќта во своите раце да одлучат кој во наредниот период ќе управува со државата, во кој правец ќе се движи таа, и какви политики ќе се водат, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и носител на кандидатскатa листа на Коалицијата За подобра Македонија, откако го оствари своето избирачко право на денешните парламентарни избори.Смета дека тоа е особено важно по, како што рече, сето она што се случувало во текот на изминатите две и пол години.
– Ова е денот кога граѓаните треба да го кажат своето мислење, да излезат масовно да гласаат, да го остварат своето избирачко право и да го дадат своето мислење за тоа како и во кој правец во идните години треба да се движи Македонија, истакна Груевски.
Верува дека најголем дел од граѓаните ќе го искористат тоа свое право, ќе излезат и ќе го дадат својот глас на овие, како што потенцира мирни, фер и демократски избори.
– Среќен сум и задоволен што досега, до 14 часот, според сите информации нема никакви посериозни проблеми, гласањето се одвива нормално, фер и демократски. Тоа ме радува, тоа е добро за државата, и за сите нас што живееме во неа и за нејзината иднина. Се надевам дека така ќе завршат изборите денеска, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.Смета дека тоа е особено важно по, како што рече, сето она што се случувало во текот на изминатите две и пол години.
– Ова е денот ко