Изборниот ден во тетовскиот регион изминува мирно и без проблеми.Според податоците од општинските изборни комисии до 17 часот со најмал одзив е Желино со 37,5 отсто од запишаните избирачи, во Боговиње на гласање излегле 44,38 отсто, Теарце 47,7 додека над половина од избирачите излегле во Брвеница 50,2 отсто, Јегуновце 52,5 и во најголемата општина во регионот Тетово со одѕив од 53,41 отсто од запишаните избирачи.
Во општина Кочани до 17 часот бројот на граѓаните кои излегле да гласаат изнесува 20.723 што преставува 62 проценти од вкупниот број на запишани 32.933 граѓани со право на глас. До Општинската изборна комисија не се поднесени забелешки за нерегуларности во изборниот процес, изјави Далиборка Стојанова, претседателката на Општинската изборна комисија во Кочани.
Во општина Виница до 17 часот гласале 9.481 граѓанин со право на глас од вкупно запишаните 17.071 или во проценти 56 отсто.
Во општина Чешиново Облешево до 17 часот е забележана излезност од 66 отсто. Од запишаните 5.716 гласале 3.783 граѓани, додека во општина Зрновци до 17 часот гласале 58 отсто од запишаните 2.613 граѓани, односно гласале 1.523 граѓани со право на глас.
Во Општина Велес на 84 избирачки места од регистрираните 46.394 на Единствениот избирачки список, според информацијата од Општинската изборна комисија до 17 часот своето право на глас го оствариле 28.928 или 62 отсто од гласачите.
Гласањето се одвива мирно и без инциденти со мали приговори кои ние веднаш ги препраќаме до Државната изборна комисија, онака како што налагаат правилата за избори, нагласува Лили Велковска претседател на Општинската изборна комисија.
Во општина Ресен до 17 часот излезноста е 57 проценти, информира претседателот на Општинската изборна комисија Сашо Пецалевски.
Од регистрирани 16.562 гласачи во избирачкиот список на 50 избирачки места, според него гласале 9.544 лица.
– Изборите течат во мирна, фер и демократска атмосфера. Нема нерегуларности. Имаше краток прекин на електрична енергија во неколку села во правецот кон Долна Преспа, но по интервенција на екипи на ЕВН, проблемот е надминат и гласањето продолжи, изјави Пецалевски.
Општинските изборни комисии во Битола и Демир Хисар информираат дека гласањето на денешните предвремени парламентарни избори се реализира без пречки и е во завршна фаза, а гласачките места ќе бидат затворени во 19 часот.
Гласањето во Битола се одвива на 170 избирачки места и досега гласале 66,34 отсто од евидентираните 82.212 граѓани со право на глас, соопшти Зоран Насев, претседател на ОИК-Битола.
Во Демир Хисар се гласа на 35 места каде се евидентирани 7.247 граѓани. До 17 часот гласаа 71,14 отсто од граѓаните, потврди Митко Јанкуловски, претседател на ОИК-Демир Хисар.
Според податоците од општинските изборни комисии до 17 часот со најмал одзив е Желино со 37,5 отсто од запишаните избирачи, во Боговиње на гласање излегле 44,38 отсто, Теарце 47,7 додека над половина од избирачите излегле во Брвеница 50,2 отсто, Јегуновце 52,5 и во најголемата општина во регионот Тетово со одѕив од 53,41 отсто од запишаните избирачи.
Според Општинската изборна комисија на гласање до 17 часот во 88-те избирачки места во Охрид излегле вкупно 32.189 лица, што е 62,02 отсто од вкупно запишаните лица со право на глас или 74,93 процент од основниот избирачки список.
Како што соопшти ОИК, за гласањето во изборното место 1299 во селото Лескоец по инструкција на ДИК во извештајот од текот на изборниот процес ќе биде ставена забелешка дека недостигало едно гласачко ливче.
Што се однесува на изборите во Општина Дебрца, правото на глас на предвремените парламентарни избори го оствариле вкупно 66 проценти од регистрираните 4.493 гласачи.
Во Неготино до 17 часот гласале 73,41 отсто од избирачите, а во Демир Капија 74,94 проценти, информираа Нетка Веселинова и Стојна Топчиева, претседатели на општинските изборни комисии во двете општини.
Тие соопштија дека гласањето кое започна навреме, поминува без проблеми.
Во Неготино се евидентирани 15.992 лица со право на глас, а во Демир Капија 3.368.Според податоците од општинските изборни комисии до 17 часот со најмал одзив е Желино со 37,5 отсто од запишаните избирачи, во Боговиње на гласање