Излезноста до 17 часот во Крива Паланка 70 отсто, во Кавадарци 70,09 отсто, Росоман 75 проценти

На два часа од затворање на избирачките места излезеноста на гласачи во општина Крива Паланка изнесува 70 отсто, додека дека во Ранковце е 66,2 отсто.– Во општина Крива Паланка на вкупно 47-те избирачки места во градот и 33 населени места досега гласале 11.999 граѓани што претставува 70 отсто од вкупната бројка регистрирани гласачи, 17.068, информира Душко Арсовски, претседател на Општинска изборна комисија, Крива Паланка.
Во општина Ранковце на 13 избирачки места до 17 часот гласале над 66 отсто од гласачите. – Од вкупно регистрирани 3074 гласачи своето избирачко право досега го остварија 2156 или 66,2 отсто, изјави Даниел Трајковски, претседател на ОИК, Ранковце.
Во двете општини има вкупно 20.142 гласачи.
 
Во Кавадарци до 17 часот гласале 70,09 отсто од гласачите, а во Росоман 75 проценти, информираа претседателите на општинските изборни комисии во двете општини, Зоран Костов и Лазо Симоновиќ.
Според нив, гласањето почна навреме.
Во Кавадарци се гласа на 60 избирачки места и засега изборите течат без проблеми, со исклучок на 30-минутниот прекин на едно избирачко место. Во Избирачкиот список за гласање на предвремените парламентарни избори во оваа општина се запишани 32.431 гласач.
И во Росоман навреме беа отворени десет избирачки места и засега гласањето е без проблеми. Регистрирани се 3.393 избирачи.– Во општина Крива Паланка на вкупно 47-те избирачки места во градот и 33 населени места досега гласале 11.999 граѓани што претставува 70 отс

Пронајдете не на следниве мрежи: