СДСМ го доживува најголемиот дебакл од почетокот на предизборната кампања, откако долго најавуваниот граѓански митинг не успеа да ги исполни очекувањата на опозицијата.Вчера, пред на улицата пред Владата на Р.Македонија СДСМ организираше „граѓански митинг“ кој не успеа да ги исполни очекувањата со оглед на силната маркетиншка кампања која требаше да обезбеди поголемо присуство.
Бината од која треба да зборуваат опозиционерите е поставена пред крстосницата на булеварот Илинденска и бул.Климент Охридски, а насобраните не успеаа да го пополнат делот од крстосницата со бул.Климент Охридски до крстосницата кај бул.Гоце Делчев и бул. ВМРО.
Според првичните проценки на „граѓанскиот“ митинг на СДСМ немаше повеќе од 10.000 присутни, за разлика од тоа минатиот викенд на митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје владеачката коалиција успеа да добие поддршка од речиси 100.000 граѓани што е за речиси десетпати повеќе од опозицијата.
Согласно онаа старата народна „со домашен есап на пазар не се оди“, списоците како што можеме да видиме од господинот подолу не им се исполнети, а задолжениот за собирање народ се мисли каде му се отидени луѓето.
Катастрофалната низа на митинзи организирана од СДСМ започна уште на првиот, централен митинг на опозицијата во Прилеп каде што Заев не успеа да собере ниту 1.000 луѓе поради подметнувањето на албанското знаме во градот херој, што предизвика револт кај прилепчани кои веднаш го напуштија митингот.
Оттаму, речиси секој собир организиран од опозицијата изгледаше очајно, особено оние на актуелните технички министри на СДСМ. Оливер Спасовски, технички министер во МВР не успеа да собере повеќе од 20-ет лица во своето родно Куманово на „мини-митингот“ во населбата Карпош.
Граѓаните ги казнија и во Стајковци, каде што едвај се собраа десетина лица. Жителите на Стајковци решија да го казнат СДСМ поради нивниот несоодветен однос за време на катастрофалните поплави во средината на август, кога СДСМ се обиде на грбот на нивната трагедија да печали политички поени.
Дебаклот кој вчера го доживеа СДСМ, дотолку повеќе е потенциран особено поради неизбежното присуство на големо-Албанската иконографија на „граѓанскиот митинг“. Ова граѓаните на Македонија не го забораваат.
Впрочем, и минатата година кога Заев организираше камп пред Владата, поддршка доби и од 113-та бригада на УЧК.Вчера, пред на улицата пред Владата на Р.Македонија СДСМ организираше „граѓански митинг“ кој не успеа да ги исполни очекувањата со огле