Ќе овозможиме подобрување на условите на кредитната линија за производство, преработка и извоз на земјоделски производи што е важно за агропреработувачката индустрија, во функција на навремен откуп на земјоделските производи и плаќање кон земјоделците кооперанти, посочи денес во Богданци лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во ИЕ 4 Никола Груевски.-На располагање за оваа намена се околу 11 милиони евра за што ќе се зголемат износите на кредит до 800.000 евра за сите кредитни категории. Ќе се продолжат роковите за отплата до 8 години и до две години грејс период за градежни работи и до 5 години рок на отплата со една година грејс период за набавка на опрема механизација и инвестиции во други движности. До три години рок на отплата и до 6 месеци грејс период за обратни средства, истакна Груевски.
Тој додаде дека во Богданци, преку компанијата „Ино фрут“ од Холандија планирана е инвестиција во пропаднатиот комбинат „Агро лозар“ од Богданци со што се предвидуваат најмалку 130 директни вработувања плус индиректни и сезонски.
-Ќе продолжиме и со реализација на втората фаза од паркот на ветерни електрани во вредност од 21 милион евра. Целосно ќе се реконструира патот Гевгелија-Богданци-Фурка, Стојаково-Селемлија, како и градба на нови улици во Стојаково, рече Груевски.
-На располагање за оваа намена се околу 11 милиони евра за што ќе се зголемат износите на кредит до 800.000 евра за сите кредитни категории. Ќе се