Фото: СДСМ преку НВО поткупува гласачи со делење дрва на недела пред изборите

Најголемата опозициска партија СДСМ продолжува срамно и бескрупулозно да поткупува гласачи во пресрет на изборите закажани следниот викенд. СДСМ злоупотребувајќи ги социјално загрозените категории се обидува да дојде до некој глас повеќе, пишува порталот Журнал.Имено, според информациите до кои дојдовме, СДСМ преку невладини организации кои се под нејзина контрола, поткупува гласачи Роми од Куманово со делење дрва на само неколку дена пред изборите. Ромите велат дека СДСМ стои зад оваа акција, а невладината организација се користи само како параван зад кој се крие обидот на партијата на Заев да ги придобие нивните гласови, објави Журнал.
 
Ваквото потценување на граѓаните не е нешто ново кога СДСМ е во прашање. На изборите во 2011-та година, СДСМ шеташе од врата на врата и делеше локум, кафе и наполитанки за купување на гласовите на граѓаните.
 
Тогаш медиумите објавија дека СДСМ нарачал цели 12.000 килограми кафе и дистрибуирал до граѓаните повеќе од стотина илјади пакетчиња кафе.
 
Во 2014-та година во пресрет на изборите, коалициониот партнер на СДСМ Самка Ибраимоски им даваше расипано месо на Ромите за да гласаат за нив.  Товарните возила со расипаниот артикл беа лоцирани во близина на куќа во која беше сместен изборен штаб на СДСМ.
Граѓаните Роми не можеа да го сокријат гневот и веднаш се упатија на протест на Бихаќка. Обвинија дека поради политички поени, челниците од опозицијата, сакаат да ги отрујат.  Полицијата заплени месо сместено во два камиони ладилници во Шуто Оризари. Истото било со изминат рок и увезено во Полска и Данска.
Од направените проверки утврдено било дека сопственикот на ладилниците не поседувал никаков сертификат или декларација за месото. Исто така, немал документ кога и од каде е увезено во Македонија.
 
На локалните избори во 2013-та година, валкано во кампањата играше и кандидатот за градоначалник од СДСМ за Ѓорче Петров, Александар Наумовски. Во јавноста се појавија фотографии на кои се гледаше како Наумовски дели брашно и други производи во пресрет на одлучувачкиот втор круг.
Извор: ЖурналИмено, според информациите до кои дојдовме, СДСМ преку невладини организации кои се под нејзина контрола, поткупува гласачи Роми од Куманово со дел

Пронајдете не на следниве мрежи: