Носителот на листа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за ИЕ 6, Владимир Ѓорчев, беше во посета на тетовските Колтук и Два Бреста, Јегуновце, Сарачино, а ќе го посети и Теарце.Приемот меѓу луѓето е навистина одличен, вели Ѓорчев.
-На средбите со земјоделците се дискутира за политиките на владата, па разликата е очигледна. Претходно владите на СДСМ не дале ниту 1 денар во земјоделието ништо не се помагаше. За разлика од тогаш, денеска сите култури без исклучок буквално се, се поддржува. Во наредниот период уште повеќе ќе даваме поддршка. Ја објаснив и новата мерка па наместо 50-50 за набавка на земјоделска механизација, владата ќе понуди 60-40 од што 60% ќе покрие владата, рече Ѓорчев и додаде дека исто ќе биде и со осигурувањето.
Капка по капка дури 80% ќе покрие државата, а голем интерес вели Ѓорчев има и проектот за набавка на високо приносен добиток, од кој исто така 80% ќе покрива државата.
Приемот меѓу луѓето е навистина одличен, вели Ѓорчев.
-На средбите со земјоделците се дискутира за политиките на владата, па разликата е оч