Гласот даден за опозицискиот лидер Зоран Заев е глас за криминалот и поддршка за случаи како еврото за Вицето. Во случајот познат како „Поткуп“ Заев јавно бараше мито од над 200 илјади евра.Заев беше фатен жив на дело како бара пари за мито. На видео снимката која се појави на Јутјуб каналот кристално јасно се гледа и слуша дека опозицискиот лидер бара мито од 200.000 евра. Заев прецизно дава насоки дека за работата која тој ќе ја заврши треба да му биде дадено мито, кое како што Заев сам кажува треба да биде уплатено кај неговиот брат, Вице Заев.
Она што е дополнително скандалозно е тоа дека Заев во видеото отворено признава дека ваквиот тип на коруптивно однесување е стандардна пракса во неговото работење. Тој истакнува и конкретни примери во кои на ваков коруптивен начин и со добивање на мито ја завршувал работата.
По објавената снимка и пријавата, следеше отворање на случајот „Поткуп“ во кој Заев беше обвинет за примање поткуп од 200 илјади евра за приватизација на земјиште. Според обвинителството, Заев како градоначалник на Струмица побарал 200 илјади евра од струмички бизнисмен за да заврши процес на приватизација на државно земјиште.
Во кривичната пријава на МВР беше наведено дека тој побарал од бизнисменот 100 илјади евра за легализација на градежното земјиште и 100 илјади евра за изградба на црква. На видеото кое во јавноста се појави во мај минатата година се слуша како Заев бара одредена сума пари за средување на работите околу некоја локација на територијата на општината. Од она што може да се слушне на снимката може да се заклучи дека Заев дава насоки како дел од парите треба да се уплатат на црквата, а дел да се дадат кај Вицето (Вице Заев му е брат на Зоран Заев).
Од разговорот може да се слушне дека ваков вид зделки во општина Струмица наводно веќе биле склучени и со други бизнисмени.
Гласот за Заев, воедно е и глас за виткање на кичмата. За СДСМ и Заев е прифатливо и име со географска одредница во однос на грчко-македонскиот спор. Ваквата изјава Заев ја даде на трибина одржана на 3 ноември 2010 во Валандово. Општо е познат и ставот на Заев дека за името треба да се “свитка кичмата“.
-Ставот на СДСМ е многу јасен. За нас е прифатливо име со географска одредница, рече Заев.
На истата трибина Заев излезе и со изјавата дека “живи луѓе има да јадат” откако ќе дојдат на власт и дека во неговата општина вработувањата се реализираат чисто по партиска основа, со претходна одлука на кадровата комисија на СДСМ.
Гласот за СДСМ и Заев е и глас за разни чаушевци и верушевци, фабрики за афери, местенки, подметнувања, обиди за рушење на државата. Обвинетиот Чауш и неговиот брат во фабриката изработувале лекарска документација за потреби пред судовите, документи за пренос на имот на кои стоеле печати од нотари кај кој било утрдено дека немале клиенти со таков идентитет. Обвинителството од судот во воведен говор побара обвинетите да се огласат за виновни и да бидат казнети. Според обвинителката, браќата Бекири во т.н. “фабрика за афери” имале опрема со која можеле да направат лична карта каква што ќе посакаат или ќе им биде порачана.
Според обвинителниот акт Захир Бекири се товари за изработување и набавување оружје и средства наменети за извршување кривично дело, фалсификување исправа и злоупотреба на лични податоци. Неговиот брат Имер, пак, се товари дека сторил кривично дело изработување и набавување оружје и средства наменети за извршување кривично дело.
Чауш стана познат во јавноста како организатор на Фабриката за афери на СДСМ. Важи за близок човек на Зоран Заев, а лидерот на СДСМ во повеќе наврати призна дека тој е член на СДСМ со кого имал соработка. Во јавноста се појавија и фотографии на Заев со Чауш направени во централата на СДСМ на Бихаќка.
Во претресот на домот на Чауш во декември минатата година беа откриени повеќе од 70.000 снимени разговори, а кои, според сознанијата на истрагата, требало да бидат употребени како материјал за уценување лица од бизнис секторот и од политичката сцена во земјава. Чауш, како што покажа истрагата, бил во честа комуникација и со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, како и со техничкиот министер во МВР од редовите на опозицијата – Оливер Спасовски.
Подоцна, во рамките на истрагата во нови претреси на седум локации во Скопје и во околината беа најдени неколку парчиња оружје, лаптопи, мобилни телефони, електронски мемориски уреди и разна документација со лични податоци на граѓани.
Гласот за СДСМ и Заев е и глас за класичен непотизам и криминални тендери. Според податоците објавени во медиумите, ова се фирмите од кланот Заеви кои добивале тендери:
Фирмата ЈАВОР-ТРАНС ДООЕЛ Струмица на Горан Крстев, бизнис партнер на Вице Заев.
Фирмата ЈАВОР-ШПЕД ДООЕЛ увоз-извоз Струмица на Симеон Крстев, татко на Горан Крстев.
Фирмата ТРГОПРОДУКТ ДОО увоз-извоз Струмица на братучедите Катерина Бојовиќ Заева, Бобан Заев и стрината Убавка Заева.
Фирмата ФРЕНКИ ДОО експорт-импорт Струмица на братучедот Трајче Заев, инаку позната на јавноста по скандалот со затруените корнишони во Хрватска.
Фирмата ЕЛЕНИЦА Струмица на братот Вице Заев и братучедите Трајче Заев и Катерина Бојовиќ Заева.
Фирмата САРА-ЈАВОР ИНЖЕНЕРИНГ ДОО Струмица на братот Вице Заев и неговиот бизнис партнер Горан Крстев.
Фирмата ТОТАЛ ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ Струмица на братот Вице Заев.
Фирмата ТОТАЛ ЕЛЕКТРИК ДОО увоз-извоз Струмица на братучетката Катерина Бојовиќ Заева, братот Вице Заев и зетот Радиша Бојовиќ Заев.
Фирмата ПЕОН ДОО Струмица на братучетката Катерина Бојовиќ Заева и стрината Убавка Заева.
Заев беше фатен жив на дело како бара пари за мито. На видео снимката која се појави на Јутјуб каналот кристално јасно се гледа и слуша дека опозиц