Во програмата на ВМРО-ДПМНЕ се предвидени и грантови за стари занаети и за отпочнување на свој сопствен бизнис. Државата ќе дава грант од 5000 евра за стари занаети и 4000 евра за самовработување.Владимир Ѓорчев, носител на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ од ИЕ 6 истакна дека покрај 5000 евра за стари занаети, занаетчиите ќе добиваат и бесплатна обука.
-Во програмата предвидуваме и неповратни средства во висина од 4000 евра за самовработување на лица кои што се невработени, а кои сакаат да стартуваат свој бизнис, рече Ѓорчев.
Тој посочи дека поволности ќе добијат и пазарџиите кои што ќе сакаат да го формализираат и легализираат својот бизнис.
-Се предвидува ослободување од социјални придонеси и ќе добијат и други поволности до 3 години доколку нивната возраст е под 35 години. Станува збор за добри мерки кои ќе ја намалуваат невработеноста, рече Ѓорчев.Владимир Ѓорчев, носител на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ од ИЕ 6 истакна дека покрај 50