Груевски: Не ни требаат кантони и двојазичност за соживот, со векови живееме заедно

На 11 декември истовремено ВМРО-ДПМНЕ ќе има победа, но до СДСМ народот ќе испрати една силна порака преку поразот кој и следува. Пораз затоа што го потценуваат македонскиот граѓанин, затоа што се пазарат со државните и национални интереси за да дојдат до власт. Пораз затоа што сметаат дека некој друг треба да ги направи премиер и партија на власт, а не овој народ, истакна вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител во ИЕ 4 Никола Груевски на митингот одржан во Гостивар.-Ќе доживеат и пораз затоа што се расфрлаат со лажни и нереални ветувања и со тоа го поценуват сопствениот народ. Каде и да отидат даваат лажни ветувања, лажни зголемувања на плати, пензии, социјални помошти, од ништо непресметано. Веруваат дека народот тоа нема да го забележи, туку дека ќе се воодушеви од некои енормно високи суми кои се нереални и дека ќе гласа за нив. Овој народ е мудар и тој точно знае да процени што е реално, а што лага и измама
Тој потенцираше дека СДСМ ќе се соочи со тежок пораз затоа што се поигрува со иднината на државата и со животот во неа.
-Со правење на се она кое порактично никој и не го бара од нив. Со нивните понуди за кантонизации со кои може да ни се растури државата. Ние си имаме соживот во Македонија, нам не ни требаат кантони кои еден ден ќе се растураат, со референдуми ќе прогласуваат независност и ќе се дели и парчи Македонија. Нам ни треба силна, суверена, унитарна Република Македонија, економски силна и моќна со добар квалитетен живот на сите граѓани и на Македонците, Албанците, Турците, Ромите, Власите и сите останати кои живеат во Македонија. Со векови живееме заедно. Не ни требало кантони за да живееме заедно, не ни требале насадени двојазичности низ целата територија, не ни требало купување на гласови и исполнување на туѓи агенди за да се дојде на власт за да го подобриме соживотот. На нашите граѓани потребна им е подобра економија, нови работни места како што ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе отворат нови 70.00 работни места, потенцираше Груевски.
-Ќе доживеат и пораз затоа што се расфрлаат со лажни и нереални ветувања и со тоа го поценуват сопствениот народ. Каде и да отидат даваат лажни вет

Пронајдете не на следниве мрежи: