Груевски во посета на Василево, Ињево и Конче: Ќе заживеат сите рурални места

Ќе продолжи да се инвестира секоја година по најмалку 35 милиони евра за набавка на нова опрема и механизација, наводнување и услови за живот во руралните места низ државата, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ 4, Никола Груевски кој вчера ги посети населените места Василево, Ињево и Конче.Поддршка за здружување на малите земјоделци во задруги, покривање на 70-100% од трошоците од целиот инвестиционен проект за премин во повисока развојна категорија, се само дел од проектите од програмата „Реално“ на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.
-За земјоделците и преработувачите ќе има и поволно кредите преку Македонската банка за поддршка на развојот со 4 и 5% камата. А за оние од компензационите фондови и со 2% камата. Планирано е да се направи и реконструкција на браната и на системот Тура,  како и на потсистемот Вдалдевџи Добринци. Ќе отвориме и нова детска градинка и ќе изградиме две баскет игралишта во општина Василево, рече Груевски.До сега ВМРО-ДПМНЕ ги качи ниските пензии за 90% а просечната пензија за 70% и постојано имаме зголемување на пензиите, рече Груевски од Ињево. Пензијата меѓу 1-5 декември ќе има 5% зголемување за пензионерите, а во следните 4 години уште 10,25%. Ќе овозможиме да продолжи и понатаму бесплатната бањска климатска рекреација за над 22.000 во наредните 4 години и бесплатен туристички викенд со кој ќе бидат опфатени 15.000 пензионери, додаде тој.– Ќе го реконструираме пристапниот пат за Ињево, ќе се изгради експресен пат со 4 ленти помеѓу Штип и Радовиш. Ќе го реконструираме патот од Радовиш за Струмица. Ињево ќе добие нова спортска сала, објасни Груевски од Ињево.
Груевски од Конче порача дека рудникот за бакар, сребро и злато Боров дол е во постапка за доделување на концесија а дека инвеститорот планира вложувања од 87 милиони евра за да се отвори рудникот, како и намалку 100 нови вработувања.
-Ќе извршиме реконструкција и на патиштата Струмица-Попчево, Белотино, Рич, Конче. Станува збор за целосна реконструкција со нов асфалт, граѓаните ќе добиваат нови проекти и мерки кои ќе го подобруваат нивниот живот, заклучи Груевски од Конче.
 Поддршка за здружување на малите земјоделци во задруги, покривање на 70-100% од трошоците од целиот инвестиционен проект за премин во повисок

Пронајдете не на следниве мрежи: