Груевски: Силата на народот е непробојниот браник кој секогаш во времињата на искушенија државата ја одржал стабилна!

Кога ве гледам во толкав број и ги слушам реакциите на народот што тој мисли и кажува, тогаш знам дека вредеше секоја минута помината во борба против деструкцијата и  уривањето на вредносниот систем. И покрај сите лични навреди протести демонстрации ние останавме со ладни глава. Да, вредеше покрај се што се обидуваа да направат и сите манипулирања народот остана со нас, со ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата затоа што народот е мудар знае да расудува и препознава, порача од Валандово лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во ИЕ 4, Никола Груевски.-Сега е полесно, сликата е јасна, причините за најтешката политичка криза која ја зафати Македонија, за тоа зошто Зоран Заев прифатил ваква улога и веќе јасно се оцртуваа и тоа не се маалски муабет, туку е една опасна и штетна идеја на Заев за рекомпонирање на државата. Идејата веќе има пишан траг, тој идејата за зголемена надлежност на општините и рекомпонирање ја напиша и во памфлетот. Има пишан документ и кажа дека тие во државата мора да имаат поголема самостојност, предвиде и редефинирање на културата која за него била етноцентрична. Добро избрани зборови за да ги замајат луѓето, но приказната е една тие се исти со намерите за кантонизација, рече Груевски.Прилично е возбуден како да е некое ново откритие, продолжи Груевски и додаде: не знам дали така го лажеле менторите или навистина верува дека кантонизацијата и двојазичноста би бил одржлив концепт.-Јас ќе се присетам на мој познаник со босанско потекло кој ми рече дека ние имаме во Босна кантонизација, кога ја воведувавме не лажеа дека ќе живееме со златни лажици, но сега живееме во беда. Тоа им донесе глад, а им донесе немири затоа што континуирано има намери за одделување на некои кантони. Тоа нам не ние потребно. Ние имаме суверена унитарна држава Македонија која оди напред и економски закрепнува, со влада која се грижи за народот и прави се за да се подобри животниот стандард, рече Груевски.Она што Заев не го пресметал е дека тука постои народ кој е доволно мудар за да препознае едно вакво сценарио и одговорот на сето ова ќе следува на 11-ти декември, историсики громогласен одговор, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на митингот во Валандово.Груевски нагласи дека одговорот ќе биде силен и јасен, затоа што за државата се работи. Потенцираше дека нема да дозволат Македонија да стане експеримент на поединци и додаде дека Македонија се сите граѓани кои ги интересира подобар живот, повеќе можности, решавање на проблемите.-Силата на народот е тој непробоен браник кој секогаш во времињата на искушенија на државата ја одржал стабилна. Народот секогаш кога бил потценет, го давал најгласниот одговор, така ќе биде и на овие избори на 11-ти декември. Заев вчера сам си се прогласи за иден премиер, но она што заборави е дека во оваа држава има народ, на кој му припаѓа сувереното право да одлучува на избори, нема власт без одлука на народот, тој не може да се заобиколи, колку тоа тој да го занемарува и договара со тие од горе, рече Груевски.Овие избори, нагласи Груевски, се и шанса да заврши политичката криза.-На нашиот народ, на нашите граѓани им е потребен крај на политичката криза и политиччка стабилност за Македонија да оди напред. Но, верувајте, клучна гаранција дека кризата ќе заврши е ако ВМРО-ДПМНЕ и коалциијата добијат 63 пратеници во Парламентот, тоа е сигурна гаранција дека кризата ќе заврши сега во декември, дека сценаристите ќе се повлечат и ќе видат дека тоа не оди така. Заев ќе си го добие одговорот и ќе си се врати во Струмица да си ја гледа својата работа и приватниот бизнис. За нас е најважно кризата да заврши, а таа не може да заврши ако немаме 63 пратеници. Ако ги немаме тие 63 пратеници, сценаристите и Заев ќе продолжат да се обидуваат, ќе продожат понатаму со разни сценарија. Мора овој народ да им стави крај, мора да им ја испрати пораката и директно во лице да им каже. НЕ, не може тоа што го барате од нас, рече Груевски.Кампањата на СДСМ не е обична кампања, туку вонредно идеја за иднината на државата. Многу луѓе помислуваат дека ние водиме негативна кампања против СДСМ, но не е тага, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и носител на листа во ИЕ 4.Добро ќе беше да е така, продолжи, за жал, Заев во предизборниот период ги откри сите карти.-Тој тоа го започна кога рече дека треба да свитка кичмата, продолжи со идеи за двојазичност, но конечно сега во Швајцарија работите станаа појасни. Затоа решивме убаво да се објасни што значи кантонизација. Тоа значи дека  државата ќе има неколку региони, секоја ќе има свија Влада и институции и една сојузна која ќе се занимава само со надворешна политика, војска и валута, се друго ќе биде одука на владата на кантоните, парламенти на кантоните. Нивните влади ќе имаат право да донесат одлука за распишување на референдум за осамостојување на тие кантони. За среќа сега немаат поддршка од граѓаните, но замислите што ќе се случи ако се кандида некој радикал кој ќе сака отцепување? Еден кантон да се отцепи тоа веќе не е Македонија…Затоа го дигнавме гласот да објасниме и да покажеме што е тоа. Заев во пораки до Тачи пишуваше дека некој од горе го спрема, еве што спремаат. Затоа ни кичма да виткаме, ни кантони, да си ја задржиме сувереноста и независната, порача Груевски.Суверена и независна Македонија е добро и за Македонците и за Албанците кои сакаат да,живеат во овие граници на Македонија, додаде Груевски и продолжи: Тоа е добро за сите и за Босанците, Турците, Ромите, Власите.-Секој кој ја сака Македонија го има ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за сојузник без разлика дали е Албанец, Ром, Турчин. За среќа она што Заев не го пресметал е дека тука постои народ кој е мудар и знае да препознае вакво сценарио. Одговорот на народот кој ќе биде историски и громогласен ќе следи на 11 декември. Одговорот ќе биде силен и гласен бидејќи за иднината и за државата се работи. Силната е во народот, тој е непобедлив браник, народот секогаш кога бил потценет го давал најгласниот одговор.За наредниот мандат предвидуваме отворање на 70.000 нови работни места, најмалку 70 илјади нови вработувања, порака на митингот во Гостивар лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.-Направивме држава со најниски даноци на планетата земја. „Бизнис инсајдер“, базиран на податоците на ММФ и СБ објави годинава ранг листа на земји со најниски даноци. Прва во светот по најниски даноци со ефективна даночна стапка од 7,4 отсто е Република Македонија. Ефективната даночна стапка е еден просек изваден од сите даноци во Македонија, но и даночни ослободувања. Планираме нови намалувања на даноците, нови намалувања на ДДВ, на царини, рече Груевски.Тој додаде дека овозможиле легалиација на бесправно изградените објекти на целата територија на РМ, легализација на дворните места, легализација на земјоделски возила, намалување на царините за да можат да се увезат евтини автомобили. Како што рече Груевски, увезени се над 280.000 возила.– Не ги делевме луѓето дали се Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи… затоа што за нас сите се исти. Изјавите на Заев дека сме националисти се без основа, затоа што покажавме дека на сите ги покачувавме пензиите, на сите ги покачувавме платите, на сите им дававме субвенции, никого не делевме и никого не прашувавме што е по етничка заедница. На сите помагавме, кога имаше поплави одевме и во штипско и во Шипковица и во Новаци и во Речица. Приказната за националисти не држи вода. Оваа коалиција се бори за сите граѓани. Ако некогаш предупредиш за тоа што може да и се случи на државата, тоа не значи дека си националист, рече Груевски.Проектот Рурални ракојни зони е еден од позначајните проекти од програмата „Реално“ на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата и кој има за цел да се вратат во живот руралните средини и да се искористат капацитетите кои што ги нуди.Станува збор за проект кој ќе даде неверојатно силен импулс во намалувањето на невработеноста и отворање на нови индустриски капацитети, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ 4, Никола Груевски.-Конкретно за Валандово, проектот предвидува во секое населено место со помалку од 10.000 жители да се дадат услови, исти и подобри од оние во ТИРЗ. И најблиските и нај оддалечените градови и села од Валандово ќе ги имаат условите и тоа ќе трае 5 години. Во тие 5 години секој еден кој ќе склучи договор со државата за градба на индустриски капацитет , предвидено е 10 години ослободување 100% од плаќање на персонален данок на доход, данок на добивка, 50% ослободување од плаќање на придонесите за пензиско и здравствено. Ќе добие финансиски грант од државата за ново отворени работни места по 2000 евра, а ако вработи стечајци по 4000 евра. Исто така нема да плаќа комуналии , ќе биде изграден пат доколку го нема, три години ќе има бесплатно осигурување од пожар и ред други поволности, како и 10% учество во градбата до вредност од 500.000 евра, рече Груевски.Со ова Македонија ќе добие една невидена шанса и многу нови капацитети за кои можат да конкурираат и домашни и странски инвеститори. Единствениот услов, додаде Груевски, е ново вработените да бидат 80% луѓе кои биле под Агенција за вработување најмалку 6 месеци.Ветивме и спроведовме еднократен отпис на долгови, помогнавме да се отпишат долгови на над 15.000 семејства веднаш по изборите во 2014 како што ветивме. Ослободивме илјадници граѓани од 30 милиони евра кои требаше да ги платат, изјави на митингот во Валандово лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.-Започнавме и во длабока фаза сме во градба на три автопати, а во следниот мандат ќе започнеме со изградба на нови три автопати и тоа Скопје- Блаце, Кичево- Гостивар и Требеништа – Струга. Покрај тоа, ќе се градат и многу други експресни, регионални патишта, ќе има шест експресни со неколку членти, обнова на многу регионални. Изградивме и реконструравме над 510 километри регионална патна мрежа и над 750 километри локална патна мрежа. Пензиите во просек ги зголемивме за 70 отсто. Пред нас само се намалуваа пензиите, сега се зголемуваат. Најниската пензија ја зголемивме за 90 отсто, рече Груевски.-Сега е полесно, сликата е јасна, причините за најтешката политичка криза која ја зафати Македонија, за тоа зошто Зоран Заев прифатил ваква улога и

Пронајдете не на следниве мрежи: